Објавено на:

Конфликти во уште една православна земја – државата е пред граѓанска војна?!

t

Етиопската влада прогласи вонредна состојба по неколкудневните судири меѓу армијата и локалната милиција Фано во регионот Амхара.

Борбите што избувнаа на почетокот на оваа недела во вториот по големина регион во Етиопија брзо ескалираа во безбедносна криза. Регионалната влада на Амхара побара дополнителна помош од федералните власти за воспоставување ред.

Во соопштението од кабинетот на премиерот Абиј Ахмед во кое се објавува вонредната состојба не се наведува дали таа се однесува само на Амхара или на целата земја.

“Неопходно е да се прогласи вонредна состојба бидејќи стана тешко да се контролира состојбата со редовниот правен систем“, се вели во соопштението.

Во близина на универзитетот има интензивни борби

Декларацијата и дава овластувања на владата да забрани јавни собири, апсења без налог и да воведе полициски час. Фано беше клучен сојузник на војската (ENDF) за време на двегодишната граѓанска војна во соседниот регион Тигре, која заврши во ноември, но односите се влошија поради напорите на федералните власти да ги ослабат регионалните паравоени сили.

Двајца жители на градот Гондар во Амхара во петокот изјавија дека претходниот ден имало интензивни борби во близина на универзитетот.

„ЕНДФ прво го контролираше универзитетот, но Фано ги турна назад. Се обидоа да напредуваат до центарот на градот, но не можеа“, вели еден од жителите.

Друг, исто така локален функционер, под услов да остане анонимен, рече дека армијата се повлекла од универзитетот.

Еден член на Фано, кој исто така сакаше да остане анонимен, наведува дека милициите се обидуваат да го опколат главниот град на Амхара, Бахир Дар.

Вели дека го освоиле Мерави, град на 30 километри јужно од Бахир Дар.

Летовите се откажани

Ројтерс не можеше независно да ги потврди неговите тврдења, а портпаролот на ENDF не одговори веднаш на барањето за коментар. Мобилниот интернет остана неактивен во регионот, велат жителите. Етиопијан ерлајнс ги откажа летовите до три од четирите аеродроми во Амхара на кои лета, изјави портпаролот на авиокомпанијата.

Насилни протести избија низ Амхара во април, откако Аби нареди безбедносните сили од 11 етиопски региони да се интегрираат во полицијата или националната армија.

Демонстрантите рекоа дека наредбата има за цел да ја ослабне Амхара и да ја направи ранлива на напади од соседните региони.

Федералната влада го негираше ова и рече дека целта е да се обезбеди национално единство.

Етиопија е мултиетничка и мултиконфесионална земја. Мнозинството од населението е православно, а 43,8 отсто од населението припаѓа на оваа вероисповед.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројца лишени од слобода за разбојништво во…

На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…

Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда

Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…

Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…