Копнена офанзива сепак ќе има? Галант: Израелските сили наскоро ќе ја видат Газа однатре!
Министерот за одбрана на Израел, Јоав Галант во четвртокот го посети југот на Израел и се состана со војниците кои се стационирани на границата со Газа.
„Ние сме прво и основно фокусирани на поразување на Хамас“, рече Галант. „Водам војници во битки веќе 45 години. Јас сум одговорен за безбедноста. Бев одговорен за тоа последните две недели – дури и во тешки времиња, јас сум одговорен за доведување на Израел до победата“.
Галант истакна дека наскоро израелските војници ќе ја видат Газа однатре, иако претходно Израел отфрли копнена акција во Појасот.
Галант понатаму истакна дека израелските одбранбени сили се подготвуваат за долгорочен ангажман со непријателите на Израел, велејќи: „Не зборуваме за кратка воена кампања – зборуваме за продолжена кампања“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Директна закана од Израел: „Брзо да го…
Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…
Израел објави, 19 повредени во нападот на…
Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…
Ерусалим пост го цитира иранскиот МНР: ИРАН…
Иран одлучи да го нападне Израел, изјави…
САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…
Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…
МОСАД објави: Убиeн е шефот на военото…
Шефот на военото крило на Хамас, Мохамед…