„Коректорот Максо“ да се јави на главна каса: Како со три анекси зголемил вредност на јавна набавка и го продолжил рокот за реализација?!

t

Општина Куманово со три анекси на договор за „реконструкција на мал плоштад“ ја зголемиле вредноста на договорот и го продолжиле рокот за реализација, открива советникот од СДСМ, Благојче Јаќимовиќ.

На веб-страницата за јавни набавки стои дека првичниот договор е склучен на 12.09.2023.

На веб-страницата стои и дека има три измени на склучен договор, меѓутоа измените како документи не се досташни.

– Барам да се формира комисија за да се утврди незаконско постапување. На 08.08.2024 година, понесени од еуфорија дека се дел од власт, па „никој ништо не ни може“ се склучува Анекс за пролонгирање на рокот од 90 дена и замислете се повикуваат на „настани, непредвидени работи со доста нестабилни временски услови“. Во август, срамота! Ниту имаше поплави, пожари, ниту не дај Боже земјотрес. Анекс број три, ја зголемуваат вредноста на проектот од 65.000 евра, кои се исплатени во целост, односно во спецификацијата на Анкес 1 (кусоци и вишоци) имаме изведени работи на одредени позиции од 2154 и 3132 проценти од предвиденото. Останатите работи за кои фирмата немала интерес да ги изврши, односно да ја асфалтира улицата за по едно евро и да ги спои двата плоштади, бидејќи немаат економска оправданост. И покрај тоа што е зголемена вредноста на проектот, под притисок на јавноста се раскинува договорот.

Потоа се објавува на веб-страницата на јавни набавки дека е реализиран дел од договорот, од работите, открива советникот Благојче Јаќимовиќ од СДСМ.

https://www.facebook.com/watch/?v=1161265712439844&rdid=Rh2ifUFpgVLLxlI2

А еве ги и условите за учество на јавната набавка:

5.3.2 Економска и финансиска состојба

5.3.2.1 Потребната економска и финансиска способност за извршување на договорот на економските оператори, договорниот орган ќе ја утврди преку следниве минимални услови:

Економскиот оператор да има има остварено приход од минимум за секоја година во  последните три години по 50.000.000 денари за (2020,2021 и 2022)


Утврдувањето на овој услов за квалитaтивен избор на економските оператори е опционален. Доколку не се утврдува да се избрише.

5.3.2.2 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималнитe услови со доставување на:

  • извод од целокупниот приход на претпријатието (податок од билансот на успех издаден од надлежен орган, односно ревидиран биланс на успех) и, онаму каде што се бара, изјава за приходот во областа која се покрива со договорот за јавна набавка, и тоа најмногу за последните три финансиски години за кои се расположливи ваквите информации во зависност од датумот на кој претпријатието е основано или започнало со работа и во зависност од достапноста на таквите информации.

5.3.3 Техничка и професионална способност

5.3.3.1 Потребната техничка и професионалната способност за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе ја утврди преку следниве минимални услови: 

  • Понудувачот во последните 3 (три) години да има склучено и реализирано минимум 3 (три) договор за изведени работи од ист или сличен вид со предметот на договорот за јавна набавка (изведба на партерно уредување)од кои еден договор да е со вредност поголема од 30.000.000,00 денари без ДДВ.  

5.3.3.1.2 Технички персонал кој ќе учествува во извршувањето на јавната набавка.

Персонал кој треба да биде вклучен во набавката и да биде на располагање за целовреметраење на договорот за јавна набавка понудувачот треба да располага со:

Минимум 2 (два) градежни инженери со овластување А или Б за изведба од областа на градежништвото издадени од Комора за овластени инженери и архитекти на РСМ

Минимум 1 (еден) инжинер по геотехника со овластување Б за изведба од областа на градежништвото издадени од Комора за овластени инженери и архитекти на РСМ.

Минимум 1 (еден) геодетски инжинер со овластување Б

Минимум 1 (едно) стручно лице за безбедност при работа со уверение за положен стручен испит

Минимум 1 (еден) геодетски техничар

Минимум 1 (еден) градежен техничар

Минимум 5 (пет) вработени  ракувачи на градежни машини со уверение

Минимум 1 (еден) хидроинженер со овластување Б

Минимум 1 (еден) експерт за животна средина

Минимум 20 (дваесет) технички персонал ангажирани во изведување на работа


Доказите се наведуваат во зависност од поставените минимални услови. Непотребното се брише

Утврдувањето на овој услов за квалитетивен избор на економските оператори е опционален. Доколку не се утврдува да се избрише

5.3.3.1.3 Инструментите, постројките или техничка опрема
Економскиот оператор треба да има во сопственост или да има обезбедени пристап до следната техничка опрема за целовреметраење на договорот:
-Минимум 1 (една) машини за сечење на асфалт и бетон;
-Минимум 5 (пет) товарни моторни возила-камиони кипери;

  • Минимум 1 (една) машина гумен валјак
  • Минимум 1 (една) машина метален валјак
  • Минимум 1 (една) машина валјак комбиниран
    -Цистерна за вода
  • Минимум 2 (два) Багери на тркала со корпа 0,8 м3

5.3.3.2 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималните услови од потточка 5.3.3.1 со доставување на:

  • а) листа на работи извршени во последните пет години, со приложување потврда за задоволителна изведба на најважните работи.- Понудувачот во последните 3 (три) години да има склучено и реализирано минимум 3 (три) договор за изведени работи од ист или сличен вид со предметот на договорот за јавна набавка (изведба на партерно уредување)од кои еден договор да е со вредност поголема од 30.000.000,00 денари без ДДВ.
    б) образовните и професионални квалификации на давателот на услуги или на изведувачот на работи или на неговиот менаџерски кадар, под услов тие да не се евалуираат како критериум за избор на најповолна понуда;
    в) изјава за просечниот годишен број на вработени кај давателот на услуги или изведувач на работи и за бројот на неговиот раководен кадар во последните три години;
    д) листа со изјава за техничката опрема, која давателот на услугите или изведувачот на работите ја има на располагање за извршување на договорот со соодветни прилози на документи (сообраќајна, пописна листа на основни средства на субјектот или слично);
    е) наведување на делот од јавната набавка, кој економскиот оператор има намера го отстапи на подизведувач.

Дали условите се штелувани, оценете сами, а добро би било да отвори предмет и да оцени и јавното обвинителство Куманово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Максим Димитриевски сака трет мандат за Куманово

Актуелниот градоначалник и лидер на ЗНАМ, Максим…

Тинејџерка од Куманово е тешко повредена, со…

Вчера претпладне, 18-годишна девојка од Куманово, возејќи…

Млада кумановчанка го запуштила детето, па го…

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Р.(22)…

Вработена во „Водовод“ пријавена за проневера на…

Службеничка во ЈП „Водовод“ Куманово е пријавена…

Кумановската болница повторно остана без вода

Кумановската болница повторно остана без вода поради…