Косово воведе санкции кон Иран
Владата на Косово денеска го одобри пакетот санкции против Исламската Република Иран и новиот пакет санкции против Руската Федерација, јави дописникот на МИА од Приштина.
Заменичката-министер за надворешни работи, Лиза Гаши на седницата на Владата рече дека санкциите се координирани со Соединетите Американски Држави, Европската Унија и другите сојузници.
Пакетот санкции против Исламската Република Иран (е насочен) кон лица и субјекти вклучени во активности на нуклеарни и балистички ракети и лица и етнички групи кои даваат поддршка на владата на Иран, рече Гаши.
Новите санкции против Русија, пак, се поврзани и со смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални.
Во продолжение на поддршката и во согласност со санкциите на ЕУ, предлагаме спроведување на 12-тиот и 13-тиот пакет санкции на ЕУ за поткопување и нарушување на територијалниот интегритет на Украина и кршење на правата во Руската Федерација, кои се тесно поврзани со убиството на рускиот опозиционер Навални, рече Гаши.
Косово е дел од земјите кои ја санкционираа Русија поради војната во Украина од нејзиното почнување во 2022 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Гајбата пред кооперација е поудобна од…
Претседателот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан…
Апасиев ги избрука! Не работи канцеларијата за…
ПОТЕМКИНОВИОТ СВЕТ НА ВМРОИДИТЕ (или "Како функционира…
Доаѓа невреме во Македонија
Во нашата Република Македонија се до петок…
Што се случува во РЕК Битола, врие…
Во моментов огромно полициско присуство има во…
Откако цела Македонија ги виде заканите кон…
Дел од родителите на починатите во трагедијата…