Косово никогаш не придонело за тензии, тврди Османи
Косовската претседателка, Вјоса Османи вели дека Косово е конструктивно и е сериозно ангажирано во процесот на дијалогот со Србија, сконцентриран на меѓусебно признавање на двете држави.
Во објава на Фејсбук по денешната средба со посредникот на ЕУ во косовско-српските преговори, Мирослав Лајчак и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, Османи вели дека на емисарите им нагласила оти „Косово никогаш не придонело за тензии и постојано се залага за мир и стабилност и за европски решенија“.
„На средбата… ја изразив посветеноста на Косово за продолжување на соработката и координација со нашите партнери, потенцирајќи дека ангажирањето на нашата земја во дијалогот е засновано на одбраната на суверенитетот, уставниот поредок и територијалниот интегритет на Косово, кои се недопирливи… Нашата земја е изградена врз принципите на едно мултиетничко општество каде сите имаат еднакви права, без оглед на етничката припадност“, напиша Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Добар пример кој го воодушеви регионот: Момче…
Косовските медиуми го фалат гестот на 12-годишник…
Протест на Србите во Северна Митровица: За…
Србите од северот на Косово денеска се…
Има само шест години: Малиот Никола од…
Никола Јовиќ од Сремска Митровица е мал…
Србија ќе изгради музеј во чест на…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…
Нови протести против ископувањето на литиум во…
Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…