Објавено на:

Косово никогаш не придонело за тензии, тврди Османи

t

Косовската претседателка, Вјоса Османи вели дека Косово е конструктивно и е сериозно ангажирано во процесот на дијалогот со Србија, сконцентриран на меѓусебно признавање на двете држави.

Во објава на Фејсбук по денешната средба со посредникот на ЕУ во косовско-српските преговори, Мирослав Лајчак и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, Османи вели дека на емисарите им нагласила оти „Косово никогаш не придонело за тензии и постојано се залага за мир и стабилност и за европски решенија“.

„На средбата… ја изразив посветеноста на Косово за продолжување на соработката и координација со нашите партнери, потенцирајќи дека ангажирањето на нашата земја во дијалогот е засновано на одбраната на суверенитетот, уставниот поредок и територијалниот интегритет на Косово, кои се недопирливи… Нашата земја е изградена врз принципите на едно мултиетничко општество каде сите имаат еднакви права, без оглед на етничката припадност“, напиша Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Притвор за Мацура и вработени во Алта…

Вишиот суд во Белград им одреди притвор…

Вучиќ: Криминалците ја преземаат контролата и ја…

Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“,…

СРПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НЕ РАЗБРАЛО ШТО Е ГОТОВИНА,…

Форбс Србија анализира како функционираат банкарските трезори,…

ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ВИСОКИ ПОЛИЦИСКИ ФУНКЦИОНЕРИ ВО…

Вишиот суд во Белград им одреди притвор…

Ги убил синот и внукот – пронајдени…

Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…