Косово побара жестока казна за Новак Ѓоковиќ
Олимпискиот комитет на Косово (ОКК) денеска и официјално испрати барање до Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) за отворање дисциплинска постапка против Новак Ѓоковиќ поради неговата политичка порака испратена по победата во првото коло на „Ролан Гарос“.
Србинот по триумфот над Американецот Ковачевиќ на камерата напиша „Косово е Србија – стоп за насилството“, што предизвика бурни реакции во целиот свет, а што не му донесе касна од организаторот, кој се задоволи само со предупредување. ИОК засега нема официјален коментар за ваквото барање, со оглед што прашање е колку случувањата на тениски гренслем-турнир се во негова надлежност.
Барањето на ОКК делумно потсетува на дисциплинската постапка на првиот човек на МОК, Даниел Димевски, против ракометниот голман Борко Ристовски, кој потоа беше суспендиран, но не како спортисти туку како функционер. ИОК засега не покажува ваква агресивност, туку прво ги разгледува актите и проверува дали воопшто може да одговори на барањата од Косово.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Koстадинов за ДПМНЕ: Нема отпор, нема храброст…
КАДЕ Е ПАТРИОТИЗМОТ, ВМРО-ДПМНЕ?! На вашата “патриотска”…
Професорот Трајковски: Владата премолчува колку скапо ќе…
Проф. д-р Дејан Трајковски, со објава на…
Моралната одговорност не се мери на избори
Премиерот Христијан Мицкоски многу добро ја знае…
Израел им забрани на граѓаните да ја…
Израел им забрани на своите граѓани да…
Успешна евакуација на првата група македонски државјани…
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија…