Косово попрво ќе отвори амбасада на Месечината, отколку во Белград, вели Дачиќ

t

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека Приштина нема, „не може да има, ниту некогаш ќе има“ свое дипломатско претставништво во Белград, без разлика како тие се обидуваат тоа да ѝ го претстават на јавноста.

Дачиќ реагираше на соопштението на веб-страницата на министерството за надворешни работи на Косово, во кое во делот „амбасади“ (https://ambasadat.net/en) се споменува и Република Србија, се додава во соопштението на министерството.

„Во Белград, 72 странски дипломатско-конзуларни претставништва се акредитирани на ниво на амбасади, кои претставуваат суверени и независни држави, што самопрогласеното Косово не е, ниту ќе биде некогаш“, оцени Дачиќ.

За време на техничкиот дијалог, кој трае од 2008 година, Белград и Приштина се договорија за распоредување на офицери за врска, кои физички се наоѓаат во просториите на делегациите на ЕУ во Белград и Приштина, потсети Дачиќ.

Офицерите за врски немаат дипломатски статус, ниту претставуваат увертира за отворање на амбасади, туку нивна задача е да помогнат во меѓусебната комуникација и да го следат спроведувањето на постигнатите договори, рече Дачиќ и истакна дека никогаш не се зборувало за отворање на какви било амбасади или давање овластувања на амбасадите.

„И да се надоврзам на овој научно-фантастичен дух од Приштина, сакам да им кажам дека попрво ќе отворат амбасада на Месечината, отколку во Белград“, заклучи Дачиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српските кошаркари освоија бронза на Олимписките игри…

Српските кошаркари ја освоија бронзата на Олимписките…

Балканско дерби: Србија и Хрватска во ватерполо…

Актуелните светски шампиони, хрватските ватерполисти, се ривалите…

Денеска протест во Белград поради ископот на…

Властите во Србија се соочуваат со се…

Стано за литиумот: ЕУ не би поддржала…

Европската унија нема да поддржи нешто во…

Н1: ПУКАЊЕ на границата меѓу Србија и…

Во петокот рано наутро дошло до пукање…