Косовската МНР: ЕУ да воведе санкции за Србија, одложувањето води кон ескалација

t

Министерката за надворешни работи и дијаспора на Косово, Доника Гервала, ја покани Европската унија да ја санкционира Србија за нападите во Бањска на 24 септември, додавајќи дека Србија уште еднаш го отфрлила обидот за нормализирање на односите меѓу двете држави.

Таа на Твитер напиша дека секое одложување на санкционирањето на Србија „само ќе послужи за поттикнување на понатамошна ескалација“.

„Србија уште еднаш го отфрли обидот за нормализирање на односите со Република Косово. Ја повикуваме Европската унија да ја санкционира Србија за чинот на агресија врз Косово на 24 септември 2023 година. Секое одложување ќе послужи само за поттикнување на понатамошна ескалација“, додаде министерот Гервала.

Српскиот претседател Александар Вучиќ по денешните средби во Брисел изјави дека не му била спомната можноста за санкции од ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…

За време на официјалните разговори во Каиро,…

Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…

Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…

„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…