Објавено на:

Косовската полиција воведе 12-часовно работно време поради можност за ексалација на ситуацијата

t

Припадниците на косовската полиција се префрлија на 12-часовно работно време за да бидат на готовност во случај на ескалација на ситуацијата на северот на Косово, пренесува Репортер.

Според него, полицијата преминала од осумчасовно на 12-часовно работно време за да биде во состојба на готовност во случај на тензична ситуација на северот на државата.

Припадници на косовската полиција упаднаа и во зградата на општина Звечан, откако испукаа солзавец и шок бомби пред општината, каде што беа собрани граѓани.

Во еден миг дошло до судир меѓу полицијата и граѓаните, кон граѓаните биле фрлени солзавци и шок бомби, а во градот се слушале истрели. Како што дознава Танјуг, во судирот меѓу полицијата и граѓаните во Звечан се повредени четири лица.

Специјалците го блокираа градот, сите приоди и излези од него, а пред зградата на општина Звечан има оклопни возила и специјални полициски единици за разбивање на демонстрациите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српските возови добиваат бизнис класа

За околу година, година и пол, „Србијавоз“…

Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…

За време на официјалните разговори во Каиро,…

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…