Објавено на:

Косовската царина инкасира милијарда евра во 2023 година

t

Косовската царина соопшти дека од почетокот на оваа година успеала да наплати една милијарда евра. Како што се наведува во соопштението, кое го објави Клан Косова, а пренесено од Коссев, овогодинешните приходи се за 71 милион евра поголеми од 2022 година или за 7,62 отсто, што претставува нов рекорд.

„Знаејќи дека минатата година имаше многу позитивен тренд на раст и во исто време се зголеми ефектот против продлабочувањето на слободната трговија, а дека, од друга страна, нема промени во фискалните политики, зголемувањето со оваа споредба јасно докажува континуитетот на невидената посветеност на косовската царина во борбата против неформалната економија и промовирање на практики кои поддржуваат чесна и фер конкуренција“, се наведува во соопштението, пренесува КланКосова.

Царина понатаму најави дека успесите се резултат на заложбите и соработката со надлежните институции, бизнис заедницата и јавноста воопшто. По наводите дека косовската царина остварила приход од милијарда евра, се огласи и владејачката партија Самоопределување, која високите приходи ги препиша на акцијата за спречување на шверцот на северот на Косово.

И додека се фалат „Самоопределување“, дел од опозицијата ја обвинува владејачката партија за пропаганда и злоупотреба на статистички податоци.

Пратеничката од ЛДК, Хикмете Бајрами, рече дека Самоопределување е контрадикторно и дека се фалат со зголемен увоз, а кога биле во опозиција ветувале дека ќе го намалат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија праќа 300 војници на Косово во…

Германската мисија во НАТО ја коментираше посетата…

Косово ќе склучи договор за одбрана со…

Владата на Косово, иако во технички мандат…

Населението на Косово забрзано старее

Според податоците на Агенцијата за статистика на…

Во последните три години од Косово заминале…

Претседателот на Независниот синдикат на приватниот сектор…

Приштина: Повлекување на американската војска не доаѓа…

Министерството за одбрана на Косово денеска ги…