Косовската царина инкасира милијарда евра во 2023 година
Косовската царина соопшти дека од почетокот на оваа година успеала да наплати една милијарда евра. Како што се наведува во соопштението, кое го објави Клан Косова, а пренесено од Коссев, овогодинешните приходи се за 71 милион евра поголеми од 2022 година или за 7,62 отсто, што претставува нов рекорд.
„Знаејќи дека минатата година имаше многу позитивен тренд на раст и во исто време се зголеми ефектот против продлабочувањето на слободната трговија, а дека, од друга страна, нема промени во фискалните политики, зголемувањето со оваа споредба јасно докажува континуитетот на невидената посветеност на косовската царина во борбата против неформалната економија и промовирање на практики кои поддржуваат чесна и фер конкуренција“, се наведува во соопштението, пренесува КланКосова.
Царина понатаму најави дека успесите се резултат на заложбите и соработката со надлежните институции, бизнис заедницата и јавноста воопшто. По наводите дека косовската царина остварила приход од милијарда евра, се огласи и владејачката партија Самоопределување, која високите приходи ги препиша на акцијата за спречување на шверцот на северот на Косово.
И додека се фалат „Самоопределување“, дел од опозицијата ја обвинува владејачката партија за пропаганда и злоупотреба на статистички податоци.
Пратеничката од ЛДК, Хикмете Бајрами, рече дека Самоопределување е контрадикторно и дека се фалат со зголемен увоз, а кога биле во опозиција ветувале дека ќе го намалат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали поранешен советник на Заев е вмешан…
Името на Виктор Петрушевски, поранешен советник на експремиерот…
Курти: Секој километар пат што нè зближува…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…
Косово разоткри и обвини српски шпион на…
Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против…
Македонија и Kосово ја зајакнуваат царинската соработка:…
Царинските управи на Македонија и Косово во…
Жител на шарпланинско село во Косово е…
Полицијата на Косово соопшти детали за апсењето…