Косовскиот премиер се плаши од напад: Србија не е неутрална туку на страната на Русија – можно е конфликтот да се префрли на Балканот
Србија сака европски пари, руско оружје, кинески инвестиции и американска толеранција, порача косовскиот премиер Аљбин Курти.
Тој за Си-ен-ен вели дека Србија не е неутрална, туку на страната на Русија.
-Имаат 42 оперативни бази кои работат околу Косово и мораме да бидеме внимателни. Буџетот за одбрана го зголемивме за 52 отсто, истовремено го зголемуваме капацитетот на полицијата и разузнавачките служби и соработуваме со НАТО, кажа Курти.
Кажа дека кога Косово прогласи независност, три недели претходно Газпром ги купи поголемиот од акциите на Нафтената индустрија на Србија, а шест месеци подоцна истата година Русија ги „анектирала“ Јужна Осетија и Абхазија.
-Руското министерство за одбрана има посебна канцеларија во рамки на министерството за одбрана на Србија. Сега, кога руската блиц војна во Украина пропаѓа, ние сме загрижени дека тие можат да го прошират конфликтот и дека Западниот Балкан може да биде ново руско боиште, кажа Курти.
Додаде дека Косово има партнери во НАТО: САД, Британија, Франција и Германија.
На прашањето што прави Косово во борбата против хибридната војна, Курти кажа дека Косово ги проширило капацитетите на војската. Наведе дека Косово е свесно дека не членка на НАТО, но дека „го има НАТО тука“.
-Интервенцијата на НАТО го сопре српскиот геноцид, НАТО е дел од историјата на Косово. Шпанија, Словачка, Романија и Грција, се надеваме, ќе нè признаат и на тој начин ќе бидеме членка на НАТО, кажа Курти.
Кажа и дека смета дека рускиот претседател Владимир Путин ќе мора да се соочи со суд за воени злосторства во Украина.
-Овие ужасни злосторства кои ги гледаме во источна Украина се несомнено воени злосторства. Верувам дека Кремљ наредил целата воена машина да биде дел од овие злосторства против беспомошните цивили, кажа Курти.
На Украина, како што кажа, ѝ е потребна поголема помош, а Косово се восхитува на нивниот државен врв и претседателот Володимир Зеленски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Косово: Селекцијата на депортираните од САД ќе…
Привремената косовска влада објави дека изборот на…
Вучиќ: Го запираме целиот извоз на оружје!
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека…
Кремљ до Белград: Згазивте векови старо братство…
Според прес-бирото на Службата за надворешно разузнавање…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…
За време на официјалните разговори во Каиро,…