Косовските безбедносни сили ги обезбедуваат клучните точки на критичната инфраструктура на Косово

t

Косовскиот министер за одбрана Ејуп Маќедонци изјави дека косовските безбедносни сили по експлозијата во Варага се ангажирани во патролирање и обезбедување на клучни точки на критичната инфраструктура на Косово, пренесува РТК.
Маќедонци за РТК посочи дека овие задачи на КБС се засноваат на одлуките донесени на последниот состанок на Советот за безбедност.

Според него, КБС овие задачи ги извршува врз основа на својата мисија и помош на косовската полиција.

Маќедонци нагласи дека единиците на КСБ патролираат клучни точки на критичната физичка инфраструктура во Косово, главно во брани на езерата и покрај каналот Ибар-Лепенац, со цел да ги заштитат од можни напади.

Тој рече дека единиците деноноќно патролираат и дежураат.

Според неговите зборови, безбедносните институции на Косово се во целосна и континуирана координација за да одговорат на потребите за заштита на Косово и неговите граѓани, како и на предизвиците на безбедносната средина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косовските безбедносни сили ги обезбедуваат клучните точки…

Косовскиот министер за одбрана Ејуп Маќедонци изјави…

Има уапсени за експлозијата кај Зубин Поток,…

Полицијата изврши рација, има уапсени лица и…

Курти: Во рекорден рок е санираша шетата…

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека властите…

Србија го осудува нападот во Косово, подготвена…

Министерот за надворешни работи на Србија, Марко…

Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…

На местото на експлозијата каде што беше…