Косовските безбедносни сили ги обезбедуваат клучните точки на критичната инфраструктура на Косово

t

Косовскиот министер за одбрана Ејуп Маќедонци изјави дека косовските безбедносни сили по експлозијата во Варага се ангажирани во патролирање и обезбедување на клучни точки на критичната инфраструктура на Косово, пренесува РТК.
Маќедонци за РТК посочи дека овие задачи на КБС се засноваат на одлуките донесени на последниот состанок на Советот за безбедност.

Според него, КБС овие задачи ги извршува врз основа на својата мисија и помош на косовската полиција.

Маќедонци нагласи дека единиците на КСБ патролираат клучни точки на критичната физичка инфраструктура во Косово, главно во брани на езерата и покрај каналот Ибар-Лепенац, со цел да ги заштитат од можни напади.

Тој рече дека единиците деноноќно патролираат и дежураат.

Според неговите зборови, безбедносните институции на Косово се во целосна и континуирана координација за да одговорат на потребите за заштита на Косово и неговите граѓани, како и на предизвиците на безбедносната средина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…

Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…

Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…

Собранието на Косово денеска усвои декларација со…

Девет лица се уапсени под сомнение за…

Девет лица се уапсени на северот во…

Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга

Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…

Најава за нови апсења на Косово, дали…

Политичкиот аналитичар и новинар од Приштина, Фатон…