Косовските безбедносни сили на меѓународна вежба во Германија
Косовските безбедносни сили (КБС) им се придружија на своите партнери во меѓународната вежба „Мителмарк 2026“, која се спроведува во Германија. Во оваа вежба, според соопштението објавено на Фејсбук, КБС, со транспортен тим од Логистичката команда, изведуваат операции интегрирани во германските воени структури.
Се прецизира дека оваа вежба се фокусира на развој на капацитети во областа на транспортот и логистичката поддршка. „КБС дејствуваат со своите логистички возила целосно интегрирани во структурите на германската армија.
Преку оваа вежба, членовите на Логистичката команда успешно извршуваат задачи за транспортна поддршка, демонстрирајќи професионализам и интероперабилност во меѓународна средина“, се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Косовските безбедносни сили на меѓународна вежба во…
Косовските безбедносни сили (КБС) им се придружија…
Германија се залага за нов договор за…
Германија се стреми да ги продлабочи одбранбените…
Бран кражби во Германија поради зголемувањето на…
Порастот на цените на горивата во Германија…
Израел ѝ понуди на Германија да го…
Израел понуди да ѝ помогне на Германија…
Германија ги повлекува дипломатите од Ирак
Германија привремено го повлече персоналот од својата…