Објавено на:

Косовци од Британија се во притвор за силување девојка во Хрватска

t

Истражен судија од Жупанискиот суд во Сплит одреди едномесечен притвор за тројца државјани на Велика Британија, од кои двајца се со потекло од Косово, поради сомнение за тешко кривично дело против полова слобода – силување на 28-годишна девојка во еден хотел во хрватскиот град, јавија локалните медиуми.

Според информациите, инцидентот се случил во вторник рано наутро, помеѓу 5 и 7:30 часот, кога жртвата, која претходно ги запознала осомничените на популарната локација „Матејушка“, прифатила да оди со нив во хотелска соба.

Првoобвинетиот ја навредувал и физички ѝ се нафрлил, а потоа ја принудил на полови односи со вториот осомничен, и покрај нејзиниот отпор и жалби на болка. Жртвата давала отпор, а во еден момент успеала да се ослободи и да повика пријател, кој веднаш се јавил во полиција.

Полицијата реагирала брзо и го уапсила еден од осомничените на самото место, а другите двајца биле лоцирани и приведени подоцна.

Сите тројца ја негираат вината и тврдат дека сè се случило без присила. Сепак, судот им одреди притвор поради ризик од бегство. Според хрватскиот Кривичен законик, за ова дело е предвидена затворска казна од шест месеци до десет години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косовци од Британија се во притвор за…

Истражен судија од Жупанискиот суд во Сплит…

Просечната нето плата за мај во Хрватска…

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен…

Потврден прв случај на антракс кај добиток…

Во Хрватска е потврден случај на антракс,…

Во Иран погубени три лица осудени за…

Три лица се погубени денеска во Иран…

Милановиќ: Прашањето помеѓу Бугарија и Македонија е…

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ на средбата со…