Костадиновска Стојчевска: Министерката за образование си игра мајтап со најблагородната професија
Изјавата на министерката за образование и наука Весна Јаневска дека за учење странски јазици нема потреба од учебници и дека учениците ги учат странските јазици од ТВ серии, предизвика силни негативни реакции на јавноста и на стручната фела.
Министерката Јаневска денеска се извини за својата изјава, но меѓу засегнатите од ова прашање, особено меѓу стручните лица, професори по странски јазици и лингвисти, остана загриженоста за односот на министерката за образование кон наставничката професија.
За Бисера Костадиновска Стојчевска, Актуелна пратеничка, вонредна професорка по англиски јазик на Педагошки факултет на УКЛО Битола и поранешна министерка за култура, изјавата на министерката за образование и наука Весна Јаневска дека за учење странски јазици нема потреба од учебници е „или несреќна или неумесна“.
– Ако е несреќна тогаш министерката треба да знае дека е министерка и не е веќе опозиционер и мора да внимава на изборот на зборови. Можеше да каже дека за сѐ обезбедивме учебници, го најдовме магичното стапче, ама за јазици ќе почекаме и дотогаш ќе се служиме со наставни ливчиња, вели Костадиновска Стојчевска.
Но, „ако била неумесна и ако сакала да стане популарна тогаш за жал се постигна спротивниот ефект“, истакнува Костадиновска Стојчевска.
За пратеничката и вонредна професорка по англиски јазик на Педагошки факултет на УКЛО Битола изјавата на министерката за култура предизвикува загиженост и од уште еден аспект.
– Загрижува моментот на дежа-ву. Сите ги паметиме пленумите и контра племнумите во време на ВМРО-ДПМНЕ кога се удираше по наставничките насоки. Дали ова е уште една најава за тоа? Дали повторно ВМРО-ДПМНЕ удира по наставничките факултети под превезот на приказна за немање учебници. Како има за природни науки, а нема за јазици? Како наеднаш дидактиката за јазик станува наука под знак прашалник? Дали ќе ни кажуваат како да предаваме јазик? Ветуваа транспарентност, дијалог, работа, учебници…. А сепак на крај добивме мајтап со најблагородната професија, потенцираше во изјавата за Рацин.мк Бисера Костадиновска Стојчевска, Актуелна пратеничка, вонредна професорка по англиски јазик на Педагошки факултет на УКЛО Битола и поранешна министерка за култура.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Костадиновска Стојчевска: Министерката за образование си игра…
Изјавата на министерката за образование и наука…
Обвинителството се огласи: Детали за обидот за…
Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за…
Епидемија на морбили во Будва!
Хигиенско-епидемиолошката служба на Здравствениот дом Будва пријавила…
Јаневска се извини за „лошо срочената изјава“…
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска…
ПОВТОРНО Е ИСКРШЕНА СПОМЕН-ПЛОЧАТА НА КАРПАЛАК!
Вчера се навршија 23 години од масакрот…