Објавено на:

Епидемија на морбили во Будва!

t

Хигиенско-епидемиолошката служба на Здравствениот дом Будва пријавила епидемија на морбили на територијата на оваа општина, соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).


„Во Будва се регистрирани седум пациенти. Откако беше утврдено дека некои случаи се епидемиолошки поврзани (утврден локален пренос), беа исполнети критериумите за пријавување на епидемија. Ваквиот развој на ситуацијата не е изненадувачки со оглед на ниското ниво на вакцинација против мали сипаници во нашата земја, како и до епидемии во соседните земји Со почетокот на новата учебна година ќе се зголеми ризикот од натамошно ширење на морбили“, посочуваат од ИЈЗ.


Посочија дека целосната вакцинација, со примање на две дози од вакцината, при што првата доза ќе се прими што е можно поскоро по една година, е единствената заштита од инфекција.
Вакцината е безбедна и многу ефикасна, а примањето на вакцината навреме е особено важно, наведуваат од ИЈЗ.
Инаку, во Црна Гора од 28 март до 9 август се регистрирани 16 случаи на морбили.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шпанија одобри истоварување на патници од крузер…

Локалните здравствени власти денес во шпанското пристаниште…

Конго прогласи нова епидемија на ебола: За…

Во Демократска Република Конго се регистрирани 246…

На Будва ѝ недостигаат 5.000 сезонски работници…

Туристичката индустрија во Будва ќе има недостиг…

Во сообраќајка во Будва загина жена од…

Државјанка на Македонија, О.П.(73) загина синоќа во…

Епидемија на морбили во Будва!

Хигиенско-епидемиолошката служба на Здравствениот дом Будва пријавила…