Костадиновска-Стојчевска: Се трудам да го заштитам моето семејство од партиски ботови, како жена политичарка сум повеќе на удар

t

„Се трудев да го заштитам семејството од сите оние партиски ботови, но не се секогаш ботови туку и лица кои и во живо знаеле да ми довикнат. Пред три години, додека шетав со моето дете, веднаш по гласањето за антикризните мерки ме плукнаа на улица“ раскажа министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска во емисиајта „Актуел“ на Тера ТВ.

Таа додаде дека како жена политичарка е повеќе на удар за разлика од мажите и дека тоа може да се забележи и од прашањата и односот и на новинарите.

„Можеба една година од мојот мандат, најчестите прашања не беа за што ќе се залагам како министерка, туку прашања за приватниот живот. Во едно интервју возвратив дали ги поставуваат тие прашања и на моите машки колеги, и рекоа не не. Токму затоа се трудам секогаш да го заштитам моето семејство“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката кажа дека има корисници на социјалните мрежи кои злоупотребуваат фотографии од нејзините деца, но дека сите напади само ѝ го зацврстуваат карактерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото+видео) Ботови сакаат да испровоцираат меѓуетнички конфликт…

Интересно како истиот бот добива ексклузивно видео…

(Видео) Бразилски политичари удри се маваа со…

Еден од кандидатите за градоначалник на Сао…

Костадиновска-Стојчевска: Се трудам да го заштитам моето…

„Се трудев да го заштитам семејството од…

Дали ВМРО ДПМНЕ стои зад повеќе од…

Дали ВМРО ДПМНЕ стои зад повеќе од…

Жена почина на паркинг во Кисела Вода!

На 19.02.2024 околу 11.30 часот во СВР…