Костадинов: Зошто се блокира реконструкцијата на патот Струмица – Дабиле?
Градоначалникот Костадин Костадинов од негово лично име и од името на граѓаните на општина Струмица, денеска од претставниците на власта на ВМРО-ДПМНЕ, јавно побара одговор зошто се блокира реконструкцијата на патот Струмица – Дабиле во булеварско решение?
– Ова е многу голем проблем за нас струмичани, но и оние кои патуваат до Бугарија, Ново Село, Берово, за индустриската зона во којашто егзистираат триесетина компании. Овој проект за којшто ние сме сакале да покажеме партнерски однос кон државата и сме потпишале Спогодба, е блокиран поради неспособност или поради водење инает со цела Струмица.
Оваа Спогодба општина Струмица ја има потпишано со Јавното претпријатие за државни патишта кое е под ингеренции на Министерството за транспорт и врски. Министерот за транспорт и врски беше носител на листа во 4 ИЕ и ветуваше што ли не, а од Спогодбата јасно се гледа во однос на обврските преземени од ЈП за државни патишта и од Министерството за транспорт и врски дека целосно ќе ги реши сите имотно – правни односи за потребното земјиште. Зошто ова го потенцирам. Затоа што од моментот од кога е потпишана Спогодбата, експропријацијата не е решена, а со тоа ниту нашиот изведувач на општина Струмица, ниту изведувачот на ЈПДП, ниту ЕВН кој што треба да направи дислокација на одредени столбови не можат да работат заради незавршени имотно – правни односи. Кој и зошто ја блокира општина Струмица?
И јас и граѓаните заслужуваме одговор. Потенцирам, овде има 30 компании коишто гледаат фамилии и даваат плати со чесно заработени пари, овде поминуваат болнички возила и граѓани коишто секојдневно имаат најразлични потреби, станува збор за една од најфреквентните делници во Македонија, ова повеќе нема да го толерираме и заслужуваме одговор и мора сите да се фатиме за работа наместо како делегации да трошиме по 200 илјади евра во еден правец – изјави градоначалникот Костадинов на патот Струмица – Дабиле.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Учениците експресно се собраа и го исчистија…
Кога се сака – се може. По…
Струмичките полуматуранти направиле хаос – Костадинов: Плоштадот…
Полуматурантите во Струмица направиле хаос на струмичкиот…
Средношколци од Струмица организираат хуманитарен настан за…
Средношколци од Струмица денеска, 9 јуни, во…
Филипче: Младите не заслужуваат ваква власт што…
Од трибината на Социјалдемократската младина на Македонија…
Почна рушењето на нелегалните објекти во Струмица…
Реков дека ќе има ред во Струмица…