Костадинов: Не очекував таков злобен однос на Владата кон струмичани, но 500 реализирани проекти очигледно предизвикуваат нервоза во ВМРО-ДПМНЕ!

t

Не очекував таква злоба и инает кон Струмица, истакна денеска во гостување на ТВ 21 градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

– Очекував однос како кон опозициска општина, но не очекував таква злоба и инает, особено не кога афирмираме европски вредности, градот има велосипедски патеки, први на Балканот имаме електричен јавен превоз, има 500 проекти и тоа создава нервоза кај ВМРО-ДПМНЕ, истакна Костадинов кој го даде примерот со проектот Струмица-Дабиле, кој е закочен во процес на експропријација на земјиштето, што повторно е кочница од централната власт.

– Носител во четвртата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ беше Александар Николоски, каде што не ветуваа, а сега има свесна блокада на проект важен за Струмица и како човекот ќе дојде да објасни зошто се кочат важни проекти или новиот Генерален урбанистички план. Ние трансформираме парцела за градење во голем парк, сега сме во неможност да го реализираме проектот, со три јавни расправи за новиот Генерален урбанистички план, едноставно не поминува во Министерството за транспорт. Како ќе се појави тој министер утре во Струмица не знам, истакна Костадинов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Во Струмица се спроведуваат вежби за…

На територијата на општина Струмица, секојдневно се…

Во Струмица во наредните денови ќе се…

Во Струмица во наредните денови ќе се…

(Видео) Пожарот во струмичко ставен под целосна…

Предмалку го локализиравме пожарот на струмичка страна…

(Фото-галерија) Масовен мирен собир во Струмица во…

И струмичани вечерва на мирен собир оддадоа…