Костова: Цените на 63 основни производи наместо да бидат намалени за 10%, биле зголемени за 397 денари

Новогодишните кошнички завршија како фарса. Цените на 63 основни производи, наместо да бидат намалени за 10%, биле зголемени за 397 денари. Основните производи станаа луксуз за многу семејства, изјави денеска потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова.
Според неа, зејтинот, јајцата и млечните производи се поскапени, а нема раст на платите. Костова истакна дека во изминатите неколку месеци, се излеани десетици милиони евра од џебовите на граѓаните, во интерес на големите трговски синџири.
-Платите стагнираат, а трошоците растат. Граѓаните се соочуват со избор дали да купат храна или да платат сметки. Оваа ситуација е неодржлива и потребни се итни и храбри чекори за да се врати контролата врз цените и да се заштити животниот стандард. Владата да ги прифати мерките на СДСМ. Само преку укинување на ДДВ на храна, преку воведување на контрола на цените и зголемување на минималната плата, можат да се намалат финансиските маки на граѓаните. Минималната плата мора да се покачи на 500 евра – се пониско од тоа е навредливо и понижувачко за граѓаните, рече Костова на прес-конференција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ ќе поднесе кривична пријава против пратеничката…
Пратеничката група на СДСМ на прес-конференција најавија…
Костова: Додека за народот стана луксуз да…
Владата на ДПМНЕ за само девет месеци…
СДСМ: Откако Таравари беше фатен во обид…
Мицкоски и Таравари беа фатени во обид…
СДСМ: Мицкоски и Таравари се препелкаат во…
Од СДСМ велат дека не е јасно…
СДСМ: Стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ е напаѓај, лажи,…
ВМРО-ДПМНЕ нема пари за работниците, но има…