Костовски: Мицкоски блефира за контактите во енергетиката и ветува се’ и сешто
Најголем дел во СДСМ, но ако ме прашате и мене лично, ќе потенцираме дека станува збор за своевиден блеф од страна на опозицијата со некакви контакти, понуди, набавки. Ние не живееме во некоја неразвиена и недемократска земја, туку се знае како идат сите постапки за тие понуди. Тоа беше и кажано денеска. Јас лично дека ова е еден обид за заташкување на целата афера со градоначалничката Арсовска и сега се прави дефокус на целата состојба. Можеби и има желба за некакви провизии кога станува збор за вакви понуди во четири очи, рече пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски за најавените предлози од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за справување со енергетската и економската криза.
Според него, „Мицкоски досега ветувал сѐ и сешто, но Владата е спремна да се справи со најтешките пет-шест месеци во историјата на светското човештво на европско тло“.
-Матрицата на размислување на ВМРО-ДПМНЕ е дека традиционално има некакви понуди во четири очи и провизии. Да, се преговара со сите соседи и се оди транспарентно. Јас сум непоправлив оптимист за набавката, не само од Бугарија, се разговара и со Грција за набавка на јаглен, со Србија за природен гас, кажа Костовски во емисијата „Топ тема“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…
Во Радуша никнува нов парк, но не…
Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…
Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…
Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…
Агелер: Воодушевена сум што Мицкоски ќе користи…
Откако мандатарот Христијан Мицкоски изјави дека заклетвата…
Да му помогнеме на малиот Мартин кој…
Почитувани читатели на Инфомакс, ве замолуваме доколку…