Костов до “македонскиот Бугарин”: Пердуви има да летаат – ни чепкате во се македонско

t

Аналитичатот Сотир Костов во емисијата Само Вистина на Канал 5 телевизија изјави дека Бугарија задира во се што е македонско и тоа може да доведе до создавање на нови конфликти, наместо решавање на постојните проблеми меѓу Македонците и Бугарите.

Како што кажа Костов “пердуви има да летаат” доколку некој се обиде да ја негира македонската традиција, историја и култура.

Проблемот меѓу Македонија и Бугарија и спорните историски прашања е актуелна тема, а особено со доаѓањето на функцијата на новиот бугарски премиер Кирил Петков.

Бугарија го оспорува континуитетот на македонската држава со теза дека Македонија е создадена во 1944 година од страна на Тито и Југославија.

Меѓу другото, Македонија има вето за влез во ЕУ поради нерешените историски прашања, од кои во последно време најактуелно е прашањето за идентитетот на Гоце Делчев, но секако остануваат отворени прашањата за дел од средновековната историја на Македонија, просветителството, ослободителните востанија во Македонија и Втората Светска војна.

За овие прашања се разговараше во емисијата Само Вистина на Канал 5 телевизија, во која гости беа Сотир Костов и Добре Митрев, кој се претставува како македонски Бугарин.

– Не држи констатацијата на почитуваниот Петков дека Бугарите во Македонија немаат правна заштита, дека се нападнати, дека се загрозени, барем со примерот на Добре.

Во ова наше денешно време, во оввој наш историски презент, објавив денес една колумна за кој Андреевски, нашиот голем поет, есеист, рече дека е минато свршено време, ако сакате и сегашно свршено.
Токму таму ни чепкаат Бугарите, во културата, во традицијата, во се што е македонско и тука сега пердуви ќе летаат, има да се разјасниме. – вели Костов како коментар на изјавата на Петков дека Бугарите во Македонија немаат никакви права.

Костов се претстави како Македонец и кажа дека чезнее за дуел во кој ќе може да ги спротивстави ставовите со некој но на бугарска телевизија.

– Јас сум Сотир Костов, Македонец, од татко Ѓорѓи од Крушево, од мајка Македонска Љубица, починати се и потекло од Кавадарци.

Овде седат двајца гости Македонец и македонски Бугарин и слободно дискутираат. Како што чезнеев да имам со таков човек дуел во Македонија, сега сакам да имам таков дуел во Бугарија.
Бугарија прави невиден атак врз Македонија, го повампирува нацистичкото и фашистичкото минато на Буагрија кое е докажано и со документи, а сега кога сакаме да одиме во ЕУ не оспоруваат, тоа не е коректно и не е добрососедство.

Костов изјави дека Бугарија го враќа фашизмот во европа со нејзините сегашни постапки.

– Годинава поминаа 100 години од италијанскиот фашизам, уште десет години ќе навршат 8 века од средновековната инквизиција, и пак е 100 и кусур години од германскиот фашизам.
Буагрија сега го враќа фашизмот, имаме договор за добрососедство, беше услов како оној пуст договор од Преспа.

Како правник, Костов објасни дека бугарското мешање во внатрешните работи е флагрантно кршење на суверенитетот на Македонија.

– Да кажувате вие кој да стои во македонскиот Устав, тоа е флагрантно кршење на внатрешниот суверенитет, 40 години сум правник. Внатрешниот суверенитет вели само државата, само народот кој ја создал државата има право да ги ги решава сите проблеми.

Надворешниот суверенитет го штити меѓународното право, тоа вели дека само ние можеме да кажуваме што и како во домашното право ќе уредуваме.
Бугарите ни диктираат.

На прашањето дали смета дека Бугарите се конститутивен народ во Македонија Костов одговори:

– Бугарите ни случајно не се дел од создавањето на македонската држава, тие се бореа против македонизмот. Се што е македонско Бугарија својата, тој пусти Сан-стефански дух лебди постојано. Во ваши спотови велат дека Охрид е бугарски, тоа се вика територијална претензија.
Најкосмополитски народ е македонскиот народ кој си го има само македонизмот, тој е создаден од античка Македонија, средновековното Самоилово царство…

Соговорникот на Костов кажа дека Цар Самоил се декларирал како Бугарин на што Костов одговори:

Си пропуштил многу да читаш, најголемиот собир на научници каа дека тоа е средновековен македонски цар. – констатираше Костов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Харис: Подготвена сум за дебата со Трамп

Потпретседателката Камала Харис во изјава пред новинарите…

Бајден и Трамп прифаќаат дебата пред претседателските…

Американскиот претседател Џозеф Бајден и неговиот противкандидат…

Пендаровски: Прифаќам дебата со сите противкандидати

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски ја прифати…

ГРОМ: Некои претседателски кандидати се плашат да…

Почитувани,Во врска со информација од страна на…

Костов до “македонскиот Бугарин”: Пердуви има да…

Аналитичатот Сотир Костов во емисијата Само Вистина…