Костов: Референдум ама со прашање “Дали сте за предвремени избори” или “Дали сте за промена на Уставот под диктат на Бугарите”

t

Сотир Костов во гостување во емисија кај новинарот Зоран Иванов, предлага две референдумски прашања и констатира дека тоа е комплексна и акутна тема.

– Многу комплексна, актуелна, акутна тема. Се двоумев дали да зборувам со ум или со правна логика.

За почеток се одлучив за правната норма и логика, за уставната норма. За жал ние сме млада држава, 31 година демократија, имавме многу турбуленции, и за референдумот немаме богата пракса и позитивна пракса за референдумите.

Првиот референдум е чист ко солза со мал спорадичен бојкот на една албанска партија но си направивме држава, се после тоа почнавме да шетале и се губиме во некои пповеќе политичко помалку правна шарада.

Јас сум искусен правник, не би дозволил ни крив ни должен да влезам во правно блато.

Дали ни е потребен референдум за работа која е лански снег? Договорот беше потпишан 2017 година и не подели како општество.

Де Гол кога замина пред 50 години остави зад него соединето општество, прекрасно демократско француско општество, такви умови и лидери ние за жал денес немаме.

Сите партии во Македонија се наоѓаат во стрмоглав пат, тоа го видовме и на предвремените локални избори, на последните парламентарни…

Ние имаме лош контекст за референдум бидејќи имаме висок цензус, сите освен првиот се неуспешни и се плашам дека и сега ќе имаме неуспешен референдум. Нели одиме таму да се договориме и обединиме околу нешто, да решиме едно прашање.

Суеренитетот излегува од граѓаните, а јас на овој референдум гледам битка меѓу референдумот и посредничката демократија. Јас сум за референдум ама не ваков, едно прашање дава претседателот на Републиката, има во кабиетот правници кои не ја знаат законодавната и уставната материја.

Ајде да одиме на референдум еве го под А прашањето дали сте за предвремени избори, под Б дали сте за промена на Уставот под диктат на Бугарите, јас сум за таков референдум, вели Костов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Србија е можно да има референдум…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави можност…

Нема веќе нов договор: Мицкоски нема ни…

„Оваа егзибиционистичка и лоша политика која ја…

Апсиев: Oва враќање на иницијативата од Џафери…

Иницијативата не е одбиена. Значи, ова не…

(Видео) “Дали сте за продолжување на преговорите…

Политичката партија Левица вчера до Собранието ја…

4 години од неуспешниот референдум за промена…

На 30 септември 2018 година беше одржан…