Нема веќе нов договор: Мицкоски нема ни да го поништи туку ќе го репреговара договорот со Бугарија

t

„Оваа егзибиционистичка и лоша политика која ја води Владата не доведе до една ваква ситуација и ВМРО-ДПМНЕ многу пати до сега предупредуваше дека на овој  начин практично билатералниот спор ќе стане мултилатерален. Односно сега ќе стане спор помеѓу Македонија и Европската Унија, нема да биде веќе Македонија и Бугарија“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на Македонската радио телевизија во емисијата „Отворено студио“, во како што ја нарече тој “дебатата” со новинари од неколку национални телевизии.

Според Мицкоски вестите дека Владата почнала преговори со ЕУ се лажни вести, да почнале преговори немало да има потреба од промена на Уставот.

Мицкоски додаде дека тоа значи дека Македонија има дополнителен услов кој го немал никој друг.

„Тоа што тие го погрешија, треба да го корегираме, тоа е задачата на идната Влада, тоа е задачата на ВМРО-ДПМНЕ како идна Влада да тоа го корегира, репреговара и цениме дека тука треба да има сериозен капацитет од страна на Европската Унија и поддршка од меѓународната заедница да се репреговараат тие позиции, бидејќи тие позиции и овие околности во кои сега се наоѓа Македонија не нудат европска иднина“, рече Мицкоски.

Според Мицкоски нема француски предлог, туку дека има бугарски договор.

„Ние сме подготвени со формирањето на новата Влада да седнеме со нашиот источен сосед и да го репреговараме оној дел кој цениме дека не нуди иднина, односно не нуди интеграција туку напротив не фрустрира. Има за обид да ја оддалечи Македонија од Европската Унија и подготвени сме буквално да инсистираме на тоа да седнеме на маса и се надеваме дека со поддршка на нашите пријатели од меѓународната заедница тоа ќе го издејствуваме“, рече Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека доколку не се наиде на соговорник од другата страна, тогаш ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да собере 61 пратеник во Парламентот и да го напушти договорот со источниот сосед, бидејќи тој договор не е ниту договор за пријателство, ниту е договор за добрососедство, а тоа може да се види преку последното однесување од страна на источниот сосед.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…