Костов со факти го замолчи Митрев: Сите во семејството ти се Македонци, а ти си македонски Бугарин откако почнаа да се продаваат бугарски пасоши

t

Сотир Костов, македонски аналитичар, во денешното гостување во емисијата „Само Вистина“, директно го праша претставникот на македонските Бугари, Добре Митрев, од кога точно тој е македонски Бугарин.

Откако Митрев го избегна одговорот, коментирајќи го ослободувањето на Македонија, Костов откри пред македонската јавност дека сите во семејството на господинот Митрев се декларираат како Македонци, освен тој.

„Брат ти не е Бугарин, татко ти, бога да го прости, не е Бугарин, мајка ти, нека е жива и здрава, е Македонка. Ти, си македонски Бугарин откако почнаа да се купуваат бугарски државјанства во Македонија. Ти си многу чест гостин на нотарите во Кавадарци, заверуваш документи, веродостојни и фалсификувани. Стојам зад сѐ ова што го зборам“, распали Костов.

Костов запраша од каде му е тоа бугарско потекло на Митрев, кога никој од неговите предци не е Бугарин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еден Стpaтег, една Струмичка Барбика и немopaлна…

Колумната е кратка приказна за селските и…