Кос: Очекуваме уставните промени во Северна Македонија да бидат усвоени што поскоро

t

Северна Македонија се обврза да го промени својот устав. таму има локални избори наскоро и веројатно нема да бидат порано, но очекуваме да се случи што е можно поскоро, изјави комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ).

РСЕ од Кос побараа коментар за тоа дека Владата на Северна Македонија тврди дека нема да ги прифати уставните амандмани без гаранции од Бугарија и прашаа дали имало некои неодамнешни случувања во комуникацијата со двете земји и какви се ризиците од продолжен застој за Северна Македонија во евроинтеграциите.

– Северна Македонија е посветена на промена на Уставот. Наскоро очекуваме локални избори и поради тоа, веројатно нема да бидат порано, но очекуваме ова да се случи што е можно поскоро, рече Кос.

Во однос на билатералните прашања Кос рече дека мора да се направи сè што е можно за овие билатерални прашања да не влијаат на процесот на пристапување на земјите-кандидатки, но ова се случува одново и одново.

– Ова значи огромно вклучување од нас, од Европската комисија, но и од земјите-членки. И има многу други земји, не само Европската комисија, кои сега разговараат со Бугарија, а не со Македонија, рече комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, во интервју за Радио Слободна Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кос: Очекуваме уставните промени во Северна Македонија…

Северна Македонија се обврза да го промени…

За една недела над 40 лица лишени…

Во рамки на тековните оперативни активности од…

Македонија воведува методологија за енергетска сиромаштија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини…

„Ќе бидеш моја или ќе бидеш мртва“…

Обвинителството го објави записникот од испитувањето на…

Мицкоски: Загадувањето од Вардариште е само визуелно,…

Депонијата Вардариште, со денови ги труе скопјани.…