Мицкоски: Загадувањето од Вардариште е само визуелно, параметрите не се алармантни

t

Депонијата Вардариште, со денови ги труе скопјани. Тоа редовно се случува повеќе од триесет години, но деновиве, откако на 31 август се запали, секојдневно група аеродромци протестираат и ја блокираат крстосницата кај мостот „Киро Глигоров“ и бараат надлежните да го решат проблемот со Вардариште пред локалните избори закажани за 19 октомври. 

Денеска, прашањето за Вардариште стигна и до премиерот Христијан Мицкоски.

Најзапрепастувачки е тоа што премиерот тврди дека не биле алармантни параметрите на штетни честитчки кои би го загрозиле здравјето на граѓаните.

– Нема зголемени такви параметри кои што се алармантни. Тоа е визуелно така, но кога се испитувани параметрите не се така алармантни. Но, лошо е тоа да се прави. И ќе се прави и има причина зошто се прави. Затоа го поставив прашањето на кој му одговара да се случува сега? Кога ќе дадете одговор на ова прашање ќе ви стане јасно кој и зошто тоа го прави, инсинуираше Мицкоски (кој знае дали некому е јасно кој и зошто тоа го прави?).

Тој забележа дека при секој обид за решавање на проблемот со депониите и изградба на регионални центри за складирање и преработка на отпадот се појавувале невладини организации и политичари кои реагирале зошто баш кај нив да се гради таков капацитет.

– Сите велиме не сакаме отпад, но отпад создаваме. Тој отпад треба негде да се одлага. Таму каде што треба да се одлага прво имаме невладини кои коментираат зошто баш кај нас да се одлага. Имаме политичари кои што мислат дека на дневна основа ќе добијат некој политички поен па ќе напаѓаат зошто баш кај нас да се одлага. Имаме трета група луѓе кои сѐ што ќе направи Владата велат не чини, а тоа е во суштина работа која е наследена од минатото – повторно предупредува Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…