Кочавевски: 100 евра за Нова година за секој пензионер, 100-отсто производство на домашна струја
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во обраќањето на денешниот Конгрес на СДСМ претстави некои проекти од промовираната програма, за која рече дека е на 250 страници.
– Ќе задоволиме 100 проценти од потребите за електрична енергија од сопствено производство. Ова ветување нема да може никој да го спори. Ние сме тие кои историски направивме најголем прогрес во производството од домашни обновливи извори на енергија, рече Ковачевски.
Поранешниот премиер вети поголем извоз на земјоделски производи, отколку увоз и просечна плата од 1.100 евра, а минималната од 600 евра до 2028. Ковачевски спомена и дека невработеноста од 12,8 ќе падне на 7 отсто во земјата доколку неговата партија повторно го добие мандатот за да состави влада.
– До 2028 ќе имаме 20.000 денари минимална, а просечна пензија од 30.000 денари. , Плус од оваа година ќе има новогодишен пакет од 100 евра за пензионерите, додаде тој.
Еден од проектите ќе биде по 200 евра месечно за секое прво вработување на лица до 26 години во првите 12 месеци.
Претседателот на СДСМ најави и дневен оброк за секој ученик од основно и средно чии родители немаат поголеми плати од просечните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Курсна листа: Еве колку чинат валутите денес
Според курсната листа на НБРМ средниот курс…
(Видео) Битиќи: Во најава е „Франкенштајн економија”, …
„Наместо фискална консолидација, имаме тотална фискална деструкција.…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Лукаревска: Не фали ниту денар во буџетот,…
Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека од буџетот фалат…
ЕУ остварила суфицит од 9,7 милијарди евра…
Европскиот извоз во трети земји во мај…