Кочани оддаде почит за жртвите од Кран Монтана

t

Со запалени свеќи и во тивка, достоинствена атмосфера, попладнево во Кочани се одржа мирен собир под мотото „Два града – иста болка“. Граѓани, млади и стари, се собраа за да изразат сочувство и солидарност со семејствата на жртвите од трагедијата во Кран Монтана.

На собирот присуствуваа и родители на децата кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тие испратија порака дека длабоко ја разбираат болката, загубата и празнината што ја остава една ваква трагедија.

Во знак на почит кон загубените животи, присутните испуштија 40 бели балони кон небото – симбол на младоста која прерано згасна.

Без говори и без транспаренти, собирот помина во тишина, прекината само од трепетот на свеќите. Пораката беше јасна – болката нема граници, а човечката солидарност ги поврзува градовите и луѓето во најтешките моменти.

Во пожарот во Кран-Монтана животите ги загубија 40 млади луѓе, додека во трагедијата во Кочани, за време на настапот на групата ДНК, загинаа 63 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кочани оддаде почит за жртвите од Кран…

Со запалени свеќи и во тивка, достоинствена…

(Видео) Новинарка ги соблече чевлите, чорапите и…

Гест што ја надмина професијата и ја…

Договорот ЕУ–Меркосур предизвика бран протести на земјоделци…

Илјадници ирски земјоделци денеска протестираа против трговскиот…

Полицијата да се распореди на терен, а…

Инфлуенсерката Ина Многуфина преку свој статус на…

Реза Пахлави го повика Трамп да биде…

Синот на поранешниот ирански шах Реза Пахлави,…