(Видео) Новинарка ги соблече чевлите, чорапите и јакната за да загрее премрзнато дете во поплавите во Кичево
Гест што ја надмина професијата и ја потсети јавноста дека човечноста нема протокол.
Новинарката Салије Садику покажа редок пример на човечност и солидарност на терен, кога за време на известување од поплавените подрачја во Кичево ги соблече своите чевли, чорапи и јакна и ги даде на премрзнато и болно дете чиј дом е целосно под вода.
На видеото што се шири на социјалните мрежи се гледа како Садику го облекува детето, додека мајката, видно потресена, дава изјава пред камерите за состојбата во која се наоѓа семејството.
Гестот предизвика бројни реакции и пофалби, како потсетник дека новинарството не е само пренесување вести, туку и човечка одговорност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВИДЕО: Воена состојба меѓу САД и Канада,…
Трговската војна меѓу САД и Канада влезе…
ПЕТ скенот работел само еден ден, тврди…
ПЕТ скенот од кој завбиси животот и…
(Видео) Кинези снимени како ја потопуваат зелката…
Кинеските власти покренаа истрага по извештаите дека…
Трагедија во Косово: 26-годишен маж ја убил…
Дваесет и петгодишната Јетлира Фониќи, која била…
Исланд гласа за враќање на преговорите со…
Исланд ќе гласа за тоа дали да…