Објавено на:

Кочанчани се жалат дека депонијата гори речиси без престан – Од Општината велат дека пожарот е изгаснат

t

Повторно гори депонијата во Кочани, јавуваат читатели на Инфомакс кои направија фотографии од депонијата. Жителите на Кочани се жалат дека депонијата речиси без прекин гори веќе повеќе од еден месец, со исклучок на неколку денови кога пожарот бил изгасен.

Од Општина Кочани ни одговорија дека депонијата е изгасната и дека континуирано се преземаат мерки за справување со пожарите на депонијата.

– KЈП “Водовод” Кочани во изминатиот период има преземено низа на мерки и активности во рамките на своите надлежности, а пред се во согласност со финансиските можности со кои располага во моментот за гасење на пожарите кои беа предизвикани на Градската депонија. Пред се, се работеше на внесување на отпадот кој беше депониран на самиот влез на Градската депонија од несовесни граѓани, а исто така се работеше на затрупување со земја и вода на жариштата во самата депонија. Во овие активности се учествуваше со сопствена механизација и работна сила, а воедно и со помош од страна на Општина Кочани, Територијалната противпожарна единица Кочани, ДПД – Доброволното противпожарно друштво и неколку општествено одговорни компании. 

Поради проектот кој што е воден од Министерство за животна средина за изградба на регионална депонија во Општина Свети Николе во меѓувреме на Градската депонија во Кочани се депонира комунален отпад од страна на комуналните претпријатија на Општина Кочани, Општина Зрновци, Општина Виница и Општина Чешиново-Облешево се додека не се изгради регионалната депонија.

Бидејќи во минатото на Градската депопонија во Кочани се депонираше околу 60 000 м3 отпад, а сега се депонираат дополнителни 30 000 м3 отпад од останатите општини, КЈП „Водовод” Кочани нема предвидено јавна набавка за течен препрат (алги) туку има предвидено јавна набавка за оддржување на Градската депонија со тешка механизација. Ова подразбира набавка на услуга со багери и булдужери од страна на градежна компанија која услуга се користи сукцесивно согласно потребите и се однесува на бутање на отпадот и затрупување со земја.

Во оградениот простор на Градската депонија постојано неовластено престојуваат поголем број на лица (од 10 до 40), а меѓу нив често престојуваат и деца. Поради тоа што постојат индиции и основи на сомнение дека пожарите се намерно подметнати од страна на овие лица, КЈП „Водовод” Кочани има поднесено повеќе известувања и пријави до МВР ОВР Кочани и Центарот за социјални работи во Кочани и по истите сеуште нема добиено никаков одговор.

Во прилог Ви доставуваме фотографија од моменталната состојба на Градската депонија која што во моментот е изгасната. – велат од Општината во одговор за Инфомакс. Оттаму ни испратија и фотографија од депонијата, која можете да ја погледнете во продолжение, велејќи дека пожарот е изгаснат.

Фотографија од депонијата во Кочани – испратена од Општина Кочани

Но половина час по нивниот одговор дека депонијата е изгасната до нашата редакција повторно пристигнаа фотографии од локалните жители, на кои се гледа дека депонијата сепак гори.

Фотографија направена за потребите на Инфомакс, 11.06.2024 година, околу 15.45 часот

Инаку за кочанската депонија пријава е поднесена и до Народниот правобранител.

Инаку градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, во предизборната програма со која го бараше и го доби гласот на кочанчани, ветува дека на местото на депонијата, ќе биде изграден парк.

Ветувањето како што можеме да видиме, не е исполнето.

Во продолжение погледнете го прилогот на Инфомакс за (не)исполнетите ветувања во Кочани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повторно пожар на депонијата „Мауцкер“ кај Охрид

Екипи на Територијалната противпожарна служба од Охрид…

Трагедија: Син ја пронашол својата 89-годишна мајка…

– Денеска (25.07.2024) во Полициската станица Кочани,…

Велешанец запалил стари седишта од автомобил и…

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен предлог…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Емотивен статус на битолскиот пилот на „ер…

Васко Михалчев, еден од пензионираните пилоти на…