Кочо Анѓушев собирал бизнисмени да ја рушат владата и да му помагаат на Мицкоски, овој ветува амнестија за Тетовската болница

Создавање на политичко-економски хибриден центар е сценарио кое уште пред два месеци го објави Али Ахмети, а подоцна и го дообјасни партискиот портпарол на ДУИ Бујар Османи.
– „Пред неколку месеци, некаде на периферијата на Скопје, се одржа средба меѓу некои македонски олигарси и политички лидери – сегашни и поранешни политички лидери, со аларм или констатација дека Албанците добиваат повеќе отколку што заслужуваат или го уриваат политичко-економскиот монопол на македонската заедница. И се согласија да создадат национален центар за да се запре овој процес, или како што тие го нарекуваат – албанизација на државата. И во нивната анализа – ова се кредибилни индикации – ДУИ го поврзуваат како парадигма или синоним на етничката еднаквост и позицијата на Албанците“, објасни Османи на ТВ 21.
Средбата пак која ја објаснува Османи е одржана во домот на екс-вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, а на која прсутни биле сопственикот на ИГМ Кавадарци Илија Гечев, извршниот директор на „Алкалоид“ Живко Мукаетов, претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, извршниот директор на „Макпетрол“ Андреа Јосифовски и неколкумина други.
Неофицијално, темата за разговор на средбата била економско парализирање на земјата со цел соборување на актуелната власт и превземање на контрола врз државните сектори задолжени за економија и финансии – повторно штетата ќе ја трпиме ние, граѓаните!
Дека ова е така, потврди на вчерашната прес-конференција и Антонио Милошоски на која објасни дека на Извршниот Комитет на партијата се разгледувало ова сценарио.
– Во насока на ова барање ќе продолжиме и во Собранието, но и на други места, со сите демократски средства да се трудиме да предизвикаме предвремени парламентарни избори. Но пак ќе кажам, тоа не треба да е процес на надгласување, треба да е една заедничка согласност во која сите политички фактори и сите стопански фактори ќе дадат поддршка да одиме на предвремени избори, рече Милошоски.
И сега, да не остане недокажано – но дали станува јасно зошто ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски немаа никаква реакција ниту пак повикаа на одговорност за тетовскиот крематориум, иако колегите од ИРЛ јасно и недвосмислено докажаа дека истата лежи токму кај Кочо Анѓушев?
Да не навлегуваме во приватните релации помеѓу Мицкоски и Анѓушев кои се до толку длабоки што двајцата имаат приватен влез во факултетските канцеларии, или пак дека токму Анѓушев е факултетскиот ментор на Мицкоски. Ова е и небитно.
Недозволиво е политичкиот и партиски интерес, да биде поважен од човечкиот живот. Замилсете, Мицкоски е подготвен да молчи и да не бара одговорност за Тетовската модуларна болница од Кочо Анѓушев, бидејќи овој организира политичка кампања за ВМРО-ДПМНЕ.
Само во Македонија е можно наместо „Нирнбершки процес“, кривичната одговорност да ја искористиш како политичка можност. Доволно е само да најдеш партиска пудличка…
Прашањето за крај е, кој од овие бизнисмени обезбедил 2.2 милиони евра од Бугарската држава за Мицкоски?
А.Митовски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…
Мицкоски ги замолил Грција и Бугарија за…
Христијан Мицкоски барал безусловна поддршка од Грција…
Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…
Во Радуша никнува нов парк, но не…
Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…
Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…
Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…