Кошмарна ноќ за Далас – загуби од Минесота, а се повреди и Дончиќ
Далас маверикс вечерва загуби од Минесота тимбервулвс со 99-105, а притоа остана и без најголемата ѕвезда Лука Дончиќ, кој се пожали на повреда во првото полувреме.
Двете екипи понудија возбудлив почеток, но проблемите за Далас започнаа во втората четвртина кога Минесота стигна до 57-40, а воедно Далас остана и без услугите на Дончиќ.
Далас постојано бркаше негатива и конечно во последната четвртина намали на само два поени (99-101), меѓутоа Минесота го издржа притисокот и славеше со 105-99.
Најефикасен во победничкиот тим беше Едвардс со 26 поени, осум скокови и пет асистенции, додека Ирвинг постигна 39 поени, четири скокови и две асистенции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Политички реваншизам на штета на децата,…
Политичката партија Левица реагираше на продолженото одложување,…
Операцијата „Полноќен чекан“ беше успешна, соопшти Пентагон
Високи американски функционери одржаа прес-конференција во Пентагон…
Иранската хакерска група „Homeland Justice“ ѝ се…
Во екот на ескалацијата меѓу Иран и…
Драма во Лазарополе: Баран криминалец фрлал предмети…
На 21.06.2025 во 21.30 часот во Полициското…
Иранската револуционерна гарда испрати предупредување до американските…
Иранската револуционерна гарда испрати предупредување до американските…