Објавено на:

Којзнае што ќе јадеме: Бразил одобри производство на ГМО пченица отпорна на суша

t

Поради закана од можна глобална криза за снабдување со храна, Бразил одобри одгледување и продажба на генетски модифицирани (ГМО) сорти пченица отпорни на суша.

Со издавањето на официјалното одобрение објавено од агенцијата за биосигурност CTNbio, Бразил стана втората латиноамериканска земја по Аргентина која одобри одгледување на ГМО сортата HB4, пренесува Ројтерс.

ГМО пченицата никогаш досега не била комерцијално одгледувана во Бразил поради стравот на потрошувачите од алергени или токсичност на пченицата, која инаку се користи ширум светот за правење леб, тестенини и колачи.

ГМО сорти на пченка и соја се користат за добиточна храна, биогорива и производство на прехранбени производи како што е масло за јадење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Смртоносна бактерија откриена во уште еден прехранбен…

Прехранбен производ е итно повлечен од продажба…

Косово забрани увоз на пилешко месо од…

Агенцијата за храна и ветеринарство на Косово…

Бразилски тинејџер почина откако си вбризга течност…

14-годишно момче во Бразил трагично почина откако…

(Видео) СДСМ предлага намалување на ДДВ за…

Животот во Македонија станува се поскап, граѓаните…

Најстарата жена на светот е од Бразил,…

Калуѓерка од Бразил, Ина Канабаро Лукас стана најстарата жива…