Кој во Србија може да си дозволи стан и автомобил?

t

Вработени во ИТ секторот, менаџери, сметководители, градежни инженери, но и занаетчии од речиси сите профили – од столари до водоинсталатери, електричари и бравари се меѓу граѓаните на Србија кои денес можат да си дозволат да купат автомобил, како и стан, бидејќи во просек заработуваат повеќе од 1.000 евра- пишува Н1.рс. Во истражувањето спроведено од Инфостуд, се наведува дека за стан од 40 квадрати во Белград во просек се потребни околу 106.000 евра, а на оние кои земаат кредит од банка им треба и аванс од околу 21.000 евра.

Според калкулаторот за кредитна способност, ваков заем можат да добијат само клиенти на банки кои заработуваат повеќе од 800 евра месечно, под услов да немаат дозволен минус, други кредити или кредитна картичка. По станот, автомобилот вообичаено е втор најскап артикл во домашниот буџет, а во исто време е неопходен за повеќето семејства. Додека нов автомобил чини најмалку 13.000 евра, а за половно возило старо над 5 години треба да одвоите околу 7.600 евра. Во моментов, како што се наведува, просечната огласена цена на становите за Белград е 2.640 евра и бележи благ пораст од почетокот на годинава. Цените се движат од 1.500 евра до над 3.500 евра за метар квадратен на одредени локации во централните белградски општини и Савски венец, пишува.

„Луѓето со приход од 1.000 евра обично бараат стан од 40 метри квадратни во делови од градот како Земун, Борча, Миљаковац, Карабурма, Мириево, каде цените се движат од 1.500 до 2.000 евра за метар квадратен. Интересот за овие локации не е изненадувачки со оглед на тоа што цените на квадратите во овие населби се уште се далеку под оние во централните градски општини, па се уште се достапни за поширок круг потенцијални купувачи“, вели Александра Михајловиќ ПР на порталот „4зида“.

Милош Турински, ПР на Инфостуд вели дека во Србија, работните места со плати над 1.000 евра покриваат различни области, при што доминира ИТ секторот со позиции софтверски инжинер и ИТ проект менаџер кои често го надминуваат прагот од 1.500 евра месечно.

„Овие позиции се клучни во технолошките компании кои работат на глобално ниво, а платите се пропорционални со големата побарувачка и недостигот на кадар. Сличен тренд се забележува и во менаџментот, каде што менаџерите за продажба, менаџерите за дигитален маркетинг и проект менаџерите заработуваат значителна плата, особено во поголемите или меѓународните компании“, вели Турински

Електричарите, столарите, браварите и водоводџиите, кои работат на поголеми градежни зафати, често достигнуваат заработка и поголема од 1.000 евра месечно.

„Ова е особено изразено во урбаните средини, каде побарувачката за квалификувани занаетчии постојано се зголемува, што го прави занаетчискиот сектор исклучително атрактивен. Исто така, угостителскиот сектор нуди можности за готвачи и келнери, кои можат да заработат високи плати во врвни ресторани и хотели. Стабилните позиции во финансиите и администрацијата, како што се сметководители и раководители на сметководство, исто така нудат конкурентни плати кои можат да надминат 1.000 евра месечно. Овие професии, заедно со градежните инженери и техничари, формираат столб на кредитната способност поради нивната долгорочна сигурност и стабилен приход, што ги прави привлечни за оние кои бараат стабилна кариера и сигурност на пазарот на трудот“, објаснува Милош Турински.

Граѓаните кои се вработени во сектори како што се ИТ, градежништво, угостителство или финансии полесно можат да заштедат пари за купување автомобил. Петар Величковиќ, ПР на порталот „Половни автомобили“ вели дека и покрај тоа што продажбата на нови возила е во благ пораст, нашите клиенти традиционално се ориентирани кон пазарот на втора рака.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Девет совети за успешен и среќен брак

Да се ​​задржи бракот среќен, силен и…

Ибрахимовиќ избркал тренер на Милан зашто син…

Поранешниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ е во…

Тешко повредена 21-годишна девојка од Крива Паланка,…

На 16.09.2024 во 18.00 часот во Полициската…

Германија сака да ги враќа бегалците во…

Во Германија се дискутира за депортирање бегалци…

Кој во Србија може да си дозволи…

Вработени во ИТ секторот, менаџери, сметководители, градежни…