Кој лаже, охриѓани или Пецаков?

t

Не за џабе народот нема доверба во институциите, ниту централни, ниту локални.

Градот кој е прогласен за културно наследство на УНЕСКО, наместо да биде пример за тоа како треба да функционира градењето и заштитата на автентичниот изглед на градот, се случува ситуација во која граѓани нема да можат да си влезат дома поради тоа што некој букално им гради пред врата.

Ваква е ситуацијата во Охрид, каде градоначалникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков, спротивно на позитивните законски прописи издал одобрение за градба, а подоцна не испочитувал одлука на Министерството за транспорт и врски.

Пред извесно време Општина Охрид, односно Пецаков издава одобрение за градба на место кое веќе 40 години се користи како пристапен пат до неколку постоечки згради. Локацијата е во строгиот центар на Охрид.

Жителите на околните згради веќе подолг период се обидуваат да спречат изградба на зграда која ќе оневозможи пристап до нивните домови. Според нив неспорно е што е издадено одобрение за градба на веќе вцртана маркица, но спорно е што се издава одобрение за градба и за местото кое е влез до домовите на станарите од околните згради.

Накратко, Министерството одлучува дека на барање на граѓаните Општината треба да го поништи одобрението за градење и да донесе ново, кое ќе биде во согласност со Законот.

Спротивно на одлуката на Министерството, несудениот инвеститор, како што велат тамошните жители “со усен амин на некој од општината” без правосилно одобрение си донеле механизација и почнале со копање и подготвување на теренот, се рушат постоечки објекти без одобрение.

Граѓаните повторно поднесуваат претставка до градежниот инспекторат, но подолг период никој од општината не излегува на терен.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков вели дека првото одобрение е поништено и дека за второто одобрение кое е издадено се испочитувани забелешките на Министерството за транспорт и врски.

– Врз основа на Одлука бр: 07-8141/18 од 25.12.2013 година е донесен детален урбанистички план, врз основа на којшто се можите да добиете одобрение за градба во висини и површина која што ја предвидува самиот план и исто така врз основа на соодветниот ДУП се отпочнува проектот и апликацијата за градба година и пол пред да станам градоначалник на Охрид

Првото одобрение е поништено заради немањето на соодветен процент застапеност на зеленило и доволен број предвидени паркинг места…

При новото аплицирање исправени се забелешките заради кои министерството го поништило одобрението за градба и општината и секторот за урбанизам,нема никаква основа да не издаде одобрение на урбанистичкиот проект на кој се отстранети забалешките

И општината врз основа на урбанистичкиот план е должна да обезбеди пристап на жителите до околните згради и за таа цел веќе се отпочнати состаноци со сопствениците на соседните парцели за покренување на процес на експропријација и обезбедување на пристап до зграда која исто така е ново изградена во 2019 по истиот ДУП( почитувајќи ја сообраќајницата односно новиот пристап според ДУП-от), вели Пецаков.

Тој додава дека нема основ да стопира градба, а добра волја на општината и задолжение според ДУП-от е да го обезбедат пристапот на граѓаните и вели дека ќе го обезбедат во најскоро можно време.

Градбите во Република Македонија се  категоризираат во градби од прва и градби од втора категорија и во зависност од истото и различен орган го издава одобрението за градење.

Градбите од прва категорија се градби од значење за Републиката и одобрение за градење издава органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот. 

Градбите од втора категорија се градби од локално значење и одобрение за градење издава градоначалникот на општината, односно градоначалниците на општините во градот Скопје. Како градби од втора категорија во Законот за градење се категоризирани следните градби: градби наменети за основно и средно образование, градби од областа на културата, градби за потребите на органите на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, индустриски и зелени зони основани од општините, општините во градот Скопје и градбите во овие зони градби наменети за примарна и секундарна заштита, градби за потребите на верските заедници, индустриски градби, стопански градби, деловни градби, станбено-деловни градби, градби за индивидуално домување, градби за индивидуално домување предвидени со урбанистичко-планска документација за градби од посебен интерес, викенд куќи, градби за колективно домување, градби за потребите на агроберзи, трговски центри, хотели и уште многу други.

Иако Пецаков вели дека се прават напори за решавање на проблемот, станарите од околните згради велат дека тие не знаат дека некаков процес за решавање на проблемот постои. Граѓаните велат дека нешто мора да се преземе за едноставно да можат да си влезат во сопствените домови и секако да се реши проблемот со паркирање на таа локација.

Останува прашањето дали градоначалникот Пецаков има некаква лична корист за првиот пат да даде незаконско одобрение за градба, а во вториот случај пред да се решат сите проблеми повторно да се издаде ново одобрение за градење без тамошните жители да знаат дали ќе можат да си влезат дома.

Повеќе за случајот, моменталната ситуација на терен и документацијата која до нас ја доставија жителите на околните згради на линкот во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повторно пожар на депонијата „Мауцкер“ кај Охрид

Екипи на Територијалната противпожарна служба од Охрид…

Сообраќајна несреќа во Охрид: Неофицијално повредена е…

Пред околу час и половина во стариот…

Пожар опасно се приближува до „Јасен“!

Регионалниот ЦУК Охрид, информира дека од ТППЕ…

Активисти на Левица ги освежија спомен – плочите на…

Освежени спомен - плочите на паднатите борци од НОБ…

Левица: Уапсени моќници со дрога блиски до…

УАПСЕНИ МОЌНИЦИ СО ДРОГА, БЛИСКИ ДО МАКСИМ…