(Документи) Каков “ќар” има Пецаков за спротивно на Закон, министерство и волјата на граѓаните да издава одобрение за градба во строгиот центар на Охрид?

t

Роди ме мајко со к’смет и фрли ме во градоналчалничка фотелја, каде устата ќе ми биде полна со градежна мафија, а ќе можам противзаконски да давам дозволи за градба кога ми одговара.

Ваква е ситуацијата во Охрид, каде градоначалникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков, спротивно на позитивните законски прописи издал одобрение за градба, а подоцна не испочитувал одлука на Министерството за транспорт и врски.

Пред извесно време Општина Охрид, односно Пецаков издава одобрение за градба на место кое веќе 40 години се користи како пристапен пат до неколку постоечки згради. Локацијата е во строгиот центар на Охрид.

Жителите на околните згради веќе подолг период се обидуваат да спречат изградба на здрага која ќе оневозможи пристап до нивните домови. Според нив неспорно е што е издадено одобрение за градба на веќе вцртана маркица, но спорно е што се издава одобрение за градба и за местото кое е влез до домовите на станарите од околните згради.

Станарите прашуваат како “таткото на градот” не го разгледал деталниот урбанистички план пред да издаде одобрение за градба на таа локација.

Станарите од околните згради го обжалиле одобрението за градба издадено од Пецаков и Општина Охрид во Министерството за транспорт и врски.

Оттаму одлучуваат во полза на граѓаните и наведуваат дека одобрението за градба е донесено без да се разгледаат околностите кои ги наведуваат граѓаните, а со кои практично им се оневозможува пристап до нивните домови.

Министерството за транспорт и врски укажува дека одобрението е издадено спротивно на членот 36, ставот 10 од Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање согласно кој се определени минималните површини на паркинг местата согласно големината на градбите. Од министерството укажуваат дека Општината не ги утврдила сите факти и околности кои се од важност за донесување на законито и правилно решение и се бара Општината да донесе соодветен акт за поправка на направената грешка.

Накратко, Министерството одлучува дека на барање на граѓаните Општината треба да го поништи одобрението за градење и да донесе ново, кое ќе биде во согласност со Законот.

Спротивно на одлуката на Министерството, несудениот инвеститор, како што велат тамошните жители “со усен амин на некој од општината” без правосилно одобрение си донеле механизација и почнале со копање и подготвување на теренот, се рушат постоечки објекти без одобрение.

Граѓаните повторно поднесуваат претставка до градежниот инспекторат, но подолг период никој од општината не излегува на терен.

Фотографиите во продолжение се фотографирани денеска, каде градежна механизација се уште е на терен и никој не реагира.

Се поставува прашањето каков интерес има градоначалникот Пецаков за издавање на одобрение за градба без да се утврди фактичката ситуација на терен, а дополнително зошто Пецаков постапува спротивно на одлука на Министерството за транспорт и врски кое утврдува неправилности?

Покрај се, Пецаков оди и против волјата на граѓаните кои го избрале за да ги штити нивните интереси, не да ги злоупотребува, можеби за лична корист.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МНОГУ Е БЕЛО ВО „БЕЛАТА ПАЛАТА“! Соработникот…

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков од…

Туристка воодушевено зборува за Охрид: „Зошто никој…

„Зошто никој не зборува за ова место?“…

Сведочење на Пендиков: Го тепале зошто се…

Со сослушување на оштетениот Христијан Пендиков, секретар…

Судска медицина ќе ја утврдува причината за…

 Министерството за здравство во врска со смртниот…

Потребен е нов модел за изградба на…

Моделот што моментно се применува при изградба…