Кој ќе одговара? Обвинителството оформи предмет за смртта на пациентите во прилепската болница
Основното јавно обвинителство во Прилеп, по допрен глас, оформи предмет по информациите за смрт на две лица во ЈЗУ Општа болница Прилеп – жена на возраст од 48 години и непознато машко лице кај кои биле извршени оперативни зафати по што добиле интерхоспитална бактерија од која починале.
Според сознанијата, веднаш по овие случаи сите оперативни сали во болницата биле затворени.
Исто така, Основното јавно обвинителство Прилеп постапува и по добиена информација преку допрен глас за несовесно лекување на лице на возраст од 30 години на Одделот за неврологија при ЈЗУ Општа болница Прилеп. Пациентот наводно бил лекуван десетина дена со погрешна дијагноза, соопштија од Јавното обвинителство.
Со цел да ги провери овие информации и евентуална кривична одговорност, надлежен јавен обвинител издаде барања за прибавување на целокупната писмена документација во врска со овие случаи од Државниот санитарен и здравствен инспекторат Прилеп и од ЈЗУ Општа болница Прилеп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Не е навреда ако навредува премиерот!…
Не е навреда ако навредува премиерот, без…
Кумановската болница повторно остана без вода
Кумановската болница повторно остана без вода поради…
(Фото) Кумановската болница повеќе од 48 ЧАСА…
Кумановската болница повеќе од 48 часа е…
Едниот бубрег му е речиси целосно откажан…
Велешанецот Боре Видевски, кој е еден од…
Таравари очекува доизградбата на новата болница во…
Министерот за здравство Арбен Таравари при денешната…