Омилената докторка на повредените е нова директорка на болницата во Кочани!
Д-р Катерина Паниќ – Мирчовска е нова в.д. директорка на кочанската Општа болница со проширена дејност, која доаѓа на местото на досегашната Кристина Серафимова, која е разрешена од функцијата, потврди за „Слободен печат“ Јовица Андовски заменик министер за здравство кој вчера го потпишал решението.
Паниќ – Мирчовска е специјалист по општа хирургија, а на фунцкијата доаѓа во критичен момент за Кочани по катастрофалната несреќа во Пулс, по која над 200 луѓе се повредени, од кои најголемиот дел се лекуваат од кочанската болница.
Инаку, Паниќ – Мирчовска е докторката која требаше да замине од кочанската болница, но по бурните реакции на пациентите повредени од Пулс, дека имаат најголема доверба токму во неа, заменик министерот за здравство ја стопираше постапката за превземање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Работна средба во Општина Делчево за проектирањето…
Во просториите на Општина Делчево се одржа…
Родителите на загинатите: Ако надлежните навреме постапеле…
Адвокатот Петре Шилегов повторно бара Јавното обвинителство…
Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…
Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…
Голем пожар во автобуска компанија во Кочани
Голем пожар утрово ја зафати автобуската компанија…
„50 пати на улица и во судница,…
Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…