Објавено на:

Кој ќе ја снабди Европа? Природниот гас стана гео-политички натпревар помеѓу Русија и САД

t

Снабдувањето на Европа со енергенси се претвори во геоплитички натпревар помеѓу американските производители со рускиот „Гаспром“. Се почестите информации за тоа дека американските извозни терминали работат со полн капацитет, ја потврдуваат оваа теза.

„Политика“ пренесува дека можеби сепак не е се во сибирскиот гас, истакнувајќи ги берзанските движења за последните два дена од минатата недела на европската енергетска берза во Холандија која ја урна цената на гасот на околу 1.300 долари, за разлика од пред неколку дена пред тоа, кога се проценуваше на 2.120 долари за илјада кубни метри.

Драматичниот пресврт, се случѕва при лиферување на информација дека најмалку 30 американски танкери полни со течен природен гас (ЛНГ) пловат кон Европа. Односно од 76 американски ЛНГ карго бродови, моментално во транзит по Атлантскиот океан, десет со вкупен товар од околу 1,6 милиони кубни метри енергенс, веќе пријавиле дека се насочуваат кон Европа, додека уште 20 со околу 3,3 милиони кубни метри ЛНГ, делуваат како да го преминуваат Атлантикот на пат кон Ротердам, Гибралтар и другите пристаништа во Европа, пренесе Блумберг, пишува „Политика“.

Новиот курс на американските пловечки грдосии, како што стои во весникот, кои транспортираат ЛНГ, предизвика рекордна разлика во цена, која европските муштерии сега се подготвени да ја платат, во однос на довчерашните конкуренти во Азија. Имено за товарен ЛНГ кој се мери по милион британски термални единици, Европјаните се подготвени да платат 24 долари повеќе отколку азиските ривали.Истовремено овој гас во САД, чини 14 пати помалку. Европјаните сега не прашуваат за цената на американскиот ЛНГ. Еден танкер од САД кој пловел кон Азија на 15 декември се завртил на сред Индискиот океан назад кон Суецскиот канал, а ова на Волстрит било протолкувано како промена на курсот на пат кон Европа, објавува „Волстрит џорнал”. Меѓутоа, кога американските ЛНГ танкери ќе стигнат до Европа и која цена ќе ја достигнат по претоварот, засега е неизвесно.

И додека најавениот прилив на американкиот ЛНГ донесува извесно олеснување внатре во ЕУ, кавгата со Русија не запира. Во четвртокот рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека сибирскиот енергенс кој пристигнува од гасоводот „ Јамал“ преку Белорусија и Полска во Германија, последните денови станал предмет на скапи препродажби по повеќекратно повисоки цени.

– Ја сменија рутата на движење на сибирскиот гас преку гасоводот „Јамал“ наназад. Со други зборови, по пристигањето во Германија-назад во Полска. Зошто? Едноставно, затоа што ние и испорачуваме гас на Германија по цдена склопена со долгорочни договори и таа цена е 4,6 па дури и 7 пати пониска од оние на дневните берзи, потенцираше Путин.

Во меѓувреме Агенцијата ТАС објави дека препродажбата на милијарди кубни метри гас би можела на инволвираните да им донесе заработка од фантастични 900 милиони долари, пишува „Политика“.

Путин оваа препродажба цени дека се насочува кон Украина и дека станува збор за 3 милиони кубни метри енергенс кој на дневна основа може да се одлее во правец, спротивен од договорениот тек, зашто во Полска постоел гасен јазол , поради што шефот на Кремљ, бил уверен дека се користи за илегални испораки на гас кон оваа земја.

Во Берлин во петокот беше објавено дека владата постигнала договор за сертификација на гасоводот „Северен Тек 2“. Канцеларот Олаф Шолц, призна дека во минатото имало несогласувања за ова, но дека биле надминати и дека сертифицирањето требало да се одвива според гасниот правилник на ЕУ. Засега не е познато кога ќе се случи сертифицирањето и кој ќе биде клучниот критериум на германската енергетска мрежа, стои во текстот на „Политика“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…

Иранската влада побарала од Русија напредни радари…

САД: Неонацистичка група има намера да се…

Предизборната кампања во САД се соочи со…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…

Министерот за надворешни работи и надворешни економски…