Коњановски и Милевски го позлатиле пратеникот на ДУИ со 7.400.544 денари граѓански пари, реагираат од Левица
Коњановски и Милевски го позлатиле пратеникот на ДУИ со 7.400.544 денари граѓански пари, реагираат од левица откако Инфомакс објави колку пари му дале општините предводени од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ на Пуцко Петрол преку тендери.
-Чесните кадри на Мицкоски го позлатиле пратеникот на ДУИ Исмаил Јахоски и неговиот син Асмир Јахоски кој раководи со компанијата Пуцко Петрол, компанија која пратеникот на ДУИ ја има оформено и со која долго време лично раководеше.
Нејасно е зошто вмровските градоначалници, во вмровските општини исплатиле илјадници евра на компанијата Пуцко Петрол со која раководи кадар на ДУИ, партија која ВМРО-ДПМНЕ ја посочи како криминален елемент во Владата!
Општина Битола склучила договор за Набавка на течни горива- Набавка на лесно масло за горење – екстра лесно масло за затоплување ЕЛ-1 слкучен на ден 02.11.2022 во вредност од 5.668.956,00ден. Потпишан од Тони Коњановски.
Договор со ЈКП Битола за Екстра лесно масло за греење склучен на ден 16.02.2022 во вредност од 1.730.588,00ден. Потпишал директор Пеце Милевски.
Од Битола вкупно 7.400.544 ден.
Факт е дека соработката помеѓу Мицкоски и ДУИ е нераскинлива, велат од Левица.
Детали за тендерите кои ги добила компанијата Пуцко Петрол може да прочитате во продолжение:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица предлага намалување на работното време од…
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…
Левица објави јавен повик: Секој кој сака…
Левица објави јавен повик за кандидати за…
Брлогот открива уште една агенција за обезбедување…
Благојчо Георгиевски бара од Министерството за внатрешни…
Нови кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ
Во Штип вечерва, ВМРО-ДПМНЕ го одржа своето…
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ „контра премиерот“ и програмата:…
ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една…