Крадел, па работите ги продавал преку „Фејсбук“

t

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Гази Баба при Секторот за внатрешни работи Скопје денеска го лишиле од слобода М.Б.(33) од Скопје. При претрес на неговиот дом на подрачјето на Лисиче, извршен по добиена наредба од Кривичен суд Скопје, пронајдени се поголем број предмети кои потекнуваат од кривично дело кражба, извршена во периодот од 5 до 28 февруари 2022 во деловен субјект лоциран на подрачјето на Илинден, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР информиарат дека М:Б е приведен во полициска станица и при извршениот службен разговор го признал делото и појаснил дека украдените производи ги нудел на продажба преку социјалните мрежи.

По комплетирање на службениот материјал против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, наведоа од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сијарто: Унгарија и Украина ќе потпишат договор…

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто…

Приведени две лица, кај нив најден хероин

На 03.04.2024 во 17:30 часот во Тетово,…

Уапсен Арачиновец, извршил шест кражби во Кавадарци

Полициски службеници од ОВР Кавадарци уапсиле 42-…

Oд Охрид до „Черното море“: Охрид ќе…

Бугарскиот приморски град Варна добил барање од…