КРАЈНО РАЗОЧАРУВАЧКА ВЕСТ ЗА „ЦРВЕНИТЕ ЃАВОЛИ“: И да се пласира Манчестер Јунајтед нема да може да игра во Лигата на Шампионите!
Лоша, крајнo лоша вест за сите во Манчестер Јунајтед, пред сѐ за фановите на овој клуб и тоа порадни едно правило на УЕФА. А тоа вели дека два клуба со еден ист сопственик нема да може да настапува во исто натпреварување во Лигата на шампиони, Лига Европа или Лигата на Конференции.
Но каде е тука проблемот за Јунајтед?
Па, во Сер Џим Ретклиф, сопственикот на 25% од акциите на Јунајтед е исто така е сопственик на Ница, екипа од француската Лига 1.
Проблем за Јунајтед е што Ница во моментот е втора на табелата во Франција, додека Јунајтед тешко дека ќе заврши како втор во англиската Премиерлига.
Предност добива онаа екипа која е подобро пласирана во својот шампионат, а тоа засега е Ница.
Па така најверојатно францускиот клуб ќе игра во Лигата на шапиони, а Манчестер Јунајтед во Лигата на Конференции.
Инаку во следната сезона во ЛШ започнува да се игра според новиот формат. Француската Лига 1 има обезбедено три места, а пак пет клубови од „Островот“ ќе земат учество во најсилното европско натпреварување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…