Крај… за политичките елити – Се гледаме на барикадите

t

Театарот во Собранието е на пауза, одлични говори како и во 2001 кога се гласаше за Рамковниот договор, како и во 2004 кога се гласаше за територијалната поделба како и во 2018-та кога се менуваше името.

Видовме и радикални протести како и во минатото, уапсени млади луѓе кои најубавите денови од својот живот ќе ги минат по затвори.

Видовме во голем број храбри и достоинствени Македонци кои си ја сакаат државата и кои не се плашат.

Во голем број на улиците бра членови на ВМРО-ДПМНЕ, Левица, ГРОМ, неопределени, по некој член на СДСМ, по некој Албанец, Турчин, Србин, Босанец, Влав, луѓе кои од се срце ги сакаат своите браќа Македонци.

Но како и во минатото политичарите се оние кои извисија кои и покрај декларативното противење кон наметнатите процеси од надвор во реалност и во суштина не сторија ништо за да ги спречат истите.

Македонија виде како само еден човек имаше храброст да и каже на Урсула не, Димитар Апасиев. Видовме како само еден човек му се спротивстави на дерзертерот кој терористичката униформа ја замени со костум за да глуми командант во Собранието. Истиот тој тргна да ги пошљака оние кои го предадоа македонскиот народ.

И да знаете дека пред фактите и боговите молчат.

Зошто тврдам за дел дека од политичките елити борбата е само декларативна, дозволете да елаборирам.

Додека членството на ВМРО протестираше за време на говорот на Урсула, пратениците и раководството на ДПМНЕ слушаа.

Додека овие луѓе кои со денови чекаат прием во палатата Христо Татарчев на улица се бореа за Македонија, раководството беше во постојан дослух со Алијансата на Албанците чиј пратеници едногласно го подржаа францускиот предлог за бугаризација на Македонија.

Имаа 1001 една шанса да ја прекинат седницата за францускиот предлог ама не сторија ништо…

Денес стигна потврдата за сите тези пласирани во нашите “Тешки Муабети” за отсуство на политичка елита која ќе спроведе суштински промени во државата, стигна потврдата за Врховизмот кај македонските почитички елити кои не можат да кажат вистинско не на Брисел и Вашингтон.

Продолжува тиранијата на малцинството врз мнозинството. Ама секоја тиранија раѓа отпор и носи кохезија во групата која е тероризирана. Македонија има ново знаме, македонското сонце кое ќе го замени сонцето на Грчев. Ново име во кое ја нема ниту придавката Република. Народот најде нова химна во “Заветна”, а револуционерноста на ВМРО се препознава во Левица.

Човекот е најуспешното суштество на планетата земја само поради својата способност да се адаптира за да ги надмине предизвиците и препреките. Животните кои не се адаптираат исчезнуваат исто како и политичарите кои не го слушаат гласот на сопствениот народ.

Ако не покажеме заби како Македонци и ако политичарите не понудат решение на пат сме да исчезнеме како нација.

Се остварува уште едно предупредување на екс премиерот Груевски за федерализација на Македонија, Таравари забранува да протестираме отаде Вардар, спремни се да не пукаат затоа што се бориме за своите правдини. Алијанса бара промена на Уставот со која ќе се отстрани формулацијата 20 проценти со што дефакто стануваме бинационална држава и федерација на два народи македонски и албански.

Ако пред 94та година, пред јас да се родам сте си отишле од Македонија денес со сигурност не би ја препознале.

Американците и американската идеологија со која цела политичка елита се удира во гради се темели на борбата против “taxation without representation”, односно даночење без претставување.

Државата од нас зема пари но не го слуша нашиот глас, а тоа значи дека сме печени за американска револуција.

Сите говорат за Шри Ланка ама од таква анархија и револуција не делат три пропуштени оброци, а тоа ќе се случи во наредните месеци. Гладна полиција не штити институции, гладен народ не трпи неправди…

Актуелната политичка елита го потпиша крајот на својата политичка кариера со чест на исклучоци.

Доаѓа време на големи промени во Македонија и светот, тешки времиња кои ќе создадат силни луѓе кои ќе донесат нешто поубави денови за нашите деца и внуци, но тешка борба е пред нас која е олицетворена во шекспировското “да се биде или не”

Ќе се гледаме на барикадите ама не како што замислува Мицкоски за да бараме избори, туку за да бараме одговорност од сите оние кои 30 години не носат во пропаст.

А до раководството на опозицијата и на власта имам еден совет имајте план за бегство бидејќи кога ќе тропне гладниот народ на врата никој не ве спасува. Немојте да се лажете дека шефовите ќе ве спасуваат сетете се како поминаа Гадафи и Садам.

Пишува: Милош Милошевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полицаец издавал службени тајни од МВР по…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

Левица предлага намалување на работното време од…

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…

Почина 49-годишен прилепчанец, го удри автомобил додека…

МВР информира дека синоќа околу 21 часот…

Најчевска за Славески: Ги мразам ликовите кои…

Поранешната професорка и граѓанска активистка, Мирјана Најчевска…

Драма на небото над Бугарија: Авион на…

Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…