Крвава драма во Битола: Со нож го повредил братот на поранешната сопруга, па ја нападна и неа

t

30-годишен маж од битолското село Лера е уапсен откако со остар предмет нападнал млад битолчанец и ја претепал својата поранешна сопруга. Инцидентот се случил синоќа околу 21:40 часот во Битола, соопшти СВР Битола.

Според информациите, осомничениот Џ.Р. (30) најпрво во пекарница во градот физички го нападнал 25-годишниот И.Л. од Битола, брат на неговата поранешна сопруга, нанесувајќи му повреди со остар предмет. Потоа, со употреба на сила, ја внел во возило својата 23-годишна поранешна сопруга и физички ја нападнал.

Полицијата интервенирала и го лишила од слобода осомничениот, а за случајот е известено и Јавното обвинителство. „По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, информираат од СВР Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Крвава драма во Битола: Со нож го…

30-годишен маж од битолското село Лера е…

Хегсет нареди припадниците на Националната гарда во…

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет…

Лишен од слобода возач од Штип, управувал…

На 22.08.2025 во 18:35 часот на автопат…

Ројтерс: Ова се новите услови на Путин…

Руски извори изјавија дека Путин се согласил…

Брнабиќ за блокадерите: Го отфрлаат дијалогот во…

Претседателката на Народното собрание, Ана Брнабиќ, изјави…