Крвава драма во Љуботен: Две лица си го пронашле пријателот во соба со рана во стомакот откако претходно биле заедно на лов

t

Министерството за внатрешни работи информира дека на 26.11.2022 во 19.15 часот во СВР Скопје од Итна медицинска помош било пријавено дека во село Љуботен, скопско има повредено лице од огнено оружје, кое со возило било однесено во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Од полициски службеници од СВР Скопје излезено било на местото на настанот и било утврдено дека станува збор за М.Љ.(31) од село Љуботен, кој, според првично пријавеното од лицата кои биле со него, Р.А. и М.А., биле заедно на лов во с.Љуботен.

Според пријавеното, повредениот останал сам во викенд куќа и во еден момент, Р.А. и М.А. слушнале истрел од огнено оружје и кога се упатиле кон викенд куќата, го пронашле повредениот во собата со прострелна рана во пределот на стомакот. Се работи на расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турција уапси 48 осомничени поврзани со ИСИС…

Турција уапси 48 осомничени поврзани со Исламската…

(Видео) Јакимовски: Максим Димитриевски им се придружи…

Претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски денеска од Крушево…

Два авиони се судрија со крилата на…

На лондонскиот аеродром Хитроу се случи инцидент…

Медведев: Акциите на Макрон се соучесништво во…

Заменик-претседателот на рускиот совет за безбедност, Дмитриј…

Вучевиќ: Државата ќе направи се за да…

Претседателот на Српската напредна партија, Милош Вучевиќ,…