Крвава пресметка во Загреб: Менаџерот на Цеца го нападнал Саша Мирковиќ?
Во срцето на Загреб, пред хотелот „Шератон“, околвчерау 12:30 часот избувнал жесток инцидент во кој беше претепан српскиот музички продуцент и сопственик на „Хајп Телевизија“, Саша Мирковиќ. Според информациите од српските медиуми, тој бил нападнат од засега непознат напаѓач при вербален конфликт што брзо прераснал во физичка пресметка.
На местото на настанот пристигнала брза помош, а Мирковиќ бил пренесен во болница. Српскиот „Телеграф“ објави како Мирковиќ, крвав и видно потресен, лежи на тротоарот. Загрепската полиција потврди дека води истрага, а едно лице е повредено и пренесено во здравсМирковиќ во изјава од болнички кревет го обвини менаџерот на Цеца Ражнатовиќ – Велибор Поповиќ Поп – за нападот, нарекувајќи го „обид за убиство“. Според него, бил удрен одзади и без причина, а повредите што ги здобил бараат итна операција поради скршеници на раката на три места.
Од друга страна, Поповиќ изјави за „Телеграф“ дека Мирковиќ прв започнал физички напад и го навредувал семејството. Тој тврди дека на снимките од безбедносните камери јасно се гледа кој бил агресорот и додава дека не се крие од одговорност.
Инцидентот дополнително ја заострува долгогодишната нетрпеливост меѓу Мирковиќ и дел од музичката сцена. Саша Мирковиќ е познат продуцент, основач на „Хајп продукшн“ и долгогодишен соработник на балкански ѕвезди како Тоше Проески, Чолиќ, Јоксимовиќ и Карлеуша. Освен во музиката, има богата политичка кариера, соработувајќи со Вучиќ, Дачиќ и Николиќ, а својата кариера ја заврши по серија правни проблеми и судски процеси.
Истрагата за нападот во Загреб продолжува, а јавноста останува да чека официјални резултати и потврда за тоа што навистина се случило пред хотелот „Шератон“.твена установа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалку 44 луѓе загинале во израелски напад…
Агенцијата за цивилна одбрана на Газа соопшти…
Крвава пресметка во Загреб: Менаџерот на Цеца…
Во срцето на Загреб, пред хотелот „Шератон“,…
Рано утрово Душко ја фатил за коси…
Рано утринава околу 5 часот српската пејачка…
Поранешната фризерка на Цеца открива: „Кога се…
Поранешната фризерка и кума на Цеца Ражнатовиќ…
Цеца носи „Ролекс“ од 26.000 долари
Цеца за време гна прославата во вилата…